Градоначалникот на Струга се заканува со нови избори за Советот

t

Градоначалникот на Општина Струга Менди Ќура денеска на прес-конференција обвини дека се формирала тајна коалиција на опозицијата за да биде блокирано работењето на општината. Во таа „тајна коалиција, според Ќура биле коалицијата околу ДУИ, СДСМ и независната листа на Рамиз Мерко.

Ваквата ракција доаѓа откако вчера пропадна и третиот обид за избор на претседател на општинскиот Совет поради немање кворум. Седницата ја напуштија осумтемина советници на коалицијата НАИ, а тројцата од независната листа на Мерко и единствениот советник на СДСМ воопшто не се појавија.

Со бојкотирањето на седницата, според Ќура, НАИ, СДСМ и листата на Мерко покажале дека воопшто не им се важни граѓаните и проектите, туку исклучиво нивните лични интереси. Тој ги нарече антиграѓанска коалиција.

„Вчера, советниците на антиграѓанската коалиција не дојдоа на седницата на Советот со цел да не ги поддржат буџетските програми, во кои се вклучени значајни проекти за 2026 година во вредност од пет милиони евра. Ова јасно покажува дека опозицијата продолжува со агонијата што ја практикува веќе 20 години и се обидува да ја примени истата политика и понатаму, на штета на граѓаните на Струга“, истакна Ќура.

Тој рече дека заедно со „партиите на мнозинството“ (иако тие партии немаат мнозинство во Советот) се договориле доколку опозицијата продолжи со блокирачките методи, во моментот кога ќе се исполнат законските услови „ќе се организираат предвремени избори за општинскиот Совет, за граѓаните да го дадат заслужениот одговор на ваквите политики“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Градоначалникот на Струга се заканува со нови…

Градоначалникот на Општина Струга Менди Ќура денеска…

Продолжува хаосот во Тирана на антивладините протести…

Илјадници демонстранти од цела Албанија се собраа…

Епштајн му пишал на осуден педофил: „…

Рачно напишано писмо потпишано со „Џ. Епштајн“…

Екс-ју земја забрани трубачи до крајот на…

Градскиот совет на Љубљана изгласа забрана за…

Србија на нозе: Во недела, студентите протестираат…

Според студентите вклучени во организирањето на овој…