Грбчевски: Нема да има пушење никаде во затворен простор, во автомобил со дете, пред училишта, градинки…

t

Каде нема да смее да се пуши со новиот Закон за заштита од пушење? Одговор побаравме од Никола Грбчевски од Министерството за здравство кој гостуваше во емисијата Бизнис21 на ТВ21.

„Забрането ќе биде пушење на класични цигари, електронски цигари, и уреди за загреан тутун во сите јавни и затворени простории. Исто така согласно европските стандарди, веќе забраните се изнесуваат и надвор на отворен простор, односно ограничено пушењето на отворен простор. Нема да смее да се пуши ниту во приватен автомобил доколку во него има дете. Пред влезовите на училиштата и градинките исто така нема да смее да се пуши, туку ќе мора да има одредена дистанца, а колкава ќе биде таа, оставаме на совеста на граѓаните. На игралиштата каде што играат деца ќе биде забрането, за децата да не бидат изложени, односно да не гледаат како се пуши“, изјави Грбчевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грбчевски: Нема да има пушење никаде во…

Каде нема да смее да се пуши…

„Њујорк тајмс“: САД ќе распоредат втор носач…

Американскиот весник „Њујорк тајмс“ повикувајќи се на…

Данците веќе купиле 250 станови во Скопје,…

Данскиот инвестициски фонд Ваексткапитал груп веќе купил…

Трамп го предупреди Зеленски: Ќе ја пропуштите…

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека…

„Што е спротивно на поредокот заснован на…

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика…