Објавено на:

„Гренланд треба да биде под контрола на САД“, повтори Трамп пред самитот на НАТО

t

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера повторно ја оживеа својата иницијатива САД да го преземат Гренланд, заканувајќи се дека ќе ги повлече сите американски вооружени сили од Европа, објави „Гардијан“.

Кир Стармер и европските сојузници се обидуваат да избегнат нов јавен конфликт со Трамп околу трошоците за одбрана, по тешката година за НАТО, во која војната во Иран повторно ги откри пукнатините во алијансата.

Велика Британија веќе ги отфрли критиките од САД дека некои сојузници „заостануваат“ во финансирањето, а се очекува Трамп да ги критикува земјите, вклучително и Велика Британија, дека не напредуваат доволно кон исполнување на целта за издвојување 3,5 отсто од БДП за одбрана до 2035 година.

Пристигнувајќи во Турција, Трамп сугерираше дека одлуката на Стармер да не се вклучи во војната против Иран придонела за неговиот пад, иако ставот на британскиот премиер всушност бил популарен кај британската јавност.

„Бев многу разочаран од НАТО. Не бевме добро третирани затоа што направивме нешто во Иран. Не ни треба ничија помош, но пред да побарам, тие рекоа дека нема да бидат таму“, изјави Трамп.

Осврнувајќи се повторно на претходниот спор, Трамп изјави дека несогласувањето околу сопственоста на Гренланд – кој е дел од Данска, земја членка на НАТО – го „повредило“ неговиот однос со воениот сојуз.

„Данска не троши пари за вистински да му помогне на Гренланд, но тоа е важен дел за САД и е опкружен со кинески и со руски бродови… Треба да биде под контрола на САД, а не на Данска. А тие не се согласија со тоа, и покрај сите пари што ги трошиме за да им помогнеме со Русија. Не мора да трошиме никакви пари; можеме да ги повлечеме сите наши војници од Европа бидејќи, како што веројатно забележавте, Европа е многу поинакво место отколку пред 20 години. Треба да бидат внимателни со имиграцијата и енергијата. Ако не внимаваат на тие две работи, повеќе нема да има Европа“, рече тој.

Како одговор, британската министерка за финансии, Рејчел Ривс, нагласи дека иднината на Гренланд „зависи од народот на Гренланд и од Данска, а не од американскиот претседател“.

Данската премиерка, Мете Фредериксен, цврсто се спротивстави на изјавата на Трамп, велејќи дека островот „не е на продажба“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Гренланд треба да биде под контрола на…

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера повторно ја…

Најмалку четири танкери го сменија курсот и…

Најмалку четири танкери за превоз на нафта…

Руте: Новите американски напади врз Иран беа…

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска…

Дваесетина портали со домен .tv под лупа…

Десетина веб портали регистрирани во Македонија и…

Иранската револуционерна гарда потврди дека извршила напади…

Иранската Исламска револуционерна гарда денеска соопшти дека…