Телевизија 24: Груби бил под закана од ликвидација од познат криминалец
Три службени белешки кои по автоматизам од МВР стигнале до ОЈО – се клучните аргументи за обвинителот Даниел Коцев да побара домашен притвор за екс вицепремиерот Артан Груби повикувајќи се на неговата загрозена безбедност во притвор.
Според неофицијалните информациите на ТВ 24 од истрагата клучната дека на Груби му се заканува ликвидација од човек со криминален бекграунд, АНБ ја добило од надворешна служба пред повеќе од година, по што ја испратило до МВР, а тие по службен пат до ОЈО .
– Пред една година до АНБ се обрати разузнавачка служба од соседството со податоци кои ги пресретнале дека на Артан Груби му се заканува опасност по живот и ликвидација од лице со криминално минато и познато во криминалните кругови- вели за ТВ 24 извор од истрагата.
Според него Груби по таа дојави добил полициско обезбедување , кое го користел се до бегството од земјава. Во меѓувреме МВР споделиле и други информации до ОЈО кои до нив стигнале како сознанија од институциите кои покажале дека екс првиот вицепремиер и најблизок човек на Али Ахмети не е безбеден.
Според истите извори едната била по неговото бегство. Нема детали кои други опасности го демнеле Груби, освен заканите за ликвидација што Макаедонија ги добила од странска служби.
Извори на ТВ 24 и од АНБ и од МВР тврат дека безбедносна проценка на која се повикуа ОЈО како основ за барањето за домашниот наместо притвор во Шутка не е направена по враќањето на Груби, кога насмеан на преминот Блаце доби лисици на рацете и беше пренесен во Шутка каде се задржа само неколу часа.
Официјално од АНБ не сакаат да коментираат, а од МВР индиректно ги потврдуваар информациите на тв 24 и порачуваат дека полицијата не направила било каква проценка каде би бил Груби побезбеден или понебезбеден.
– Министерството за внатрешни работи, согласно своите законските надлежности ги сподели со Јавното обвинителство сите информации и сознанија со кои располагаше, а кои се однесуваат на конкретното лице, вклучително и информациите од Агенцијата за национална безбедност. Во понатамошната постапка, одлуките за барање и определување на мерките ги носат исклучиво надлежното обвинителство и судот
Обвинувањата на ОЈО дека ќелијата во Шутка е небезедна за Груби ги отфрла и директорот на затворот Бобан Утковски. Тој за ТВ 24 вели дека ниедна институција не побарала ниту направила безбеднсона контрола.
– Ниеден претставник од страна на МВР и АНБ се нема ниту писмено ниту усно обратено до мене или до институцијата со која јас раководам за да побара мислење за безбедноста во периметарот што ние го обезбедуваме. Така што, во тој контекст, јас тука би застанал. Нека се произнесат самите служби АНБ и МВР дали процената што ја дале кореспондира со реалноста
По бурата реации за замената на ефективниот притвор со домашен по барање и на ојо и на адвокатот на груби, од обвинитеството излегоа со соопштение дека како што рекоа мерката куќен притвор, особено кога се реализира со 24-часовен надзор, е исто така притворска мерка, која не се издржува во затворски услови само затоа што постојат специфични услови за тоа.
Таквите услови во конкретниот случај беа исполнети, бидејќи по проценка на надлежните органи – мвр и анб постојат сериозни информации дека во притворското одделение не може да се гарантира личната безбедност на овој осомничен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Телевизија 24: Груби бил под закана од…
Три службени белешки кои по автоматизам од…
Мицкоски: Кон ЕУ нема да водиме “мекотелна…
И по 2028 ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партнери…
Филипче: Стандардот ќе тоне, од оваа власт…
Филипче во изјава за Сител, посочи дека…
Македонија да го искористи позитивниот момент за…
Македонските власти да го искористат позитивниот момент…
Ќе му се суди на бившиот грчки…
Поранешниот министер за финансии на Грција, Јанис…