Груби на распит во Обвинителството

t

Aртан Груби, осомничен за проневера во „Државна лотарија“, кој утрово беше уапсен на граничниот премин Блаце и сместен во притворското одделение во Шуто Оризари, веќе е спроведен на распит во Обвинителството.

Груби, кој е поранешен вицепремиер и министер за односи меѓу заедниците, пред повеќе од една година избега од државата преку истиот граничен премин поради тоа што заедно со поранешниот директор на „Државна лотарија“, Перпарим Бајрами, беше осомничен за криминал од осум милиони евра за нарачка на ВЛТ-апарати.

Груби се бараше со меѓународна потерница, а му беше определен 30-дневен притвор во отсуство.

Истрагата за „Државна лотарија“, како што соопшти поранешниот државен јавен обвинител, е завршена и се чекаше екстрадицијата на Груби.

Според Обвинителството, предметот за „Државна лотарија“ опфаќа одлуки и договори за кои постои сомнеж дека ѝ нанеле значителна финансиска штета на институцијата, проценета на над осум милиони евра, со намера да прибават противправна имотна корист за друг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Груби на распит во Обвинителството

Aртан Груби, осомничен за проневера во „Државна…

Унгарија стави вето на новиот пакет санкции…

Унгарија стави вето на одлуките на Европската…

Американски државјанин нападнал двајца полицајци кај Демир…

Државјанин на САД нападнал двајца полицајци, информираат…

Биткоинот денес се тргува за 66.000 долари

Биткоин денес се тргува со благо намалување…

Кривична пријава за Грк сакал да внесе…

СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.К.(51)…