Груевски и Заев во жесток судир на Фејсбук

t

Груевски и Заев во жестока расправија на Фејсбук со обвинувања за бизниси, Русија и златна виза. Прочитајте ги деталите од препирката.

Поранешните премиери на Македонија, Зоран Заев и Никола Груевски, влегоа во жестока онлајн расправија на Фејсбук, разменувајќи остри обвинувања за корупција, бизнис интереси и политичка дволичност. Во фокусот се најдоа теми како златната виза во Дубаи, врските со Русија и афери од времето на ковид кризата.

Груевски обвинува за дволичност и скриени бизниси

Груевски, кој со години е во бегство и има азил во Унгарија, преку долга објава на Фејсбук го нападна Заев и поранешниот министер за здравство и актуелен лидер на СДСМ, Венко Филипче. Според него, двајцата „едно зборуваат дома, друго прават надвор“.

Тој побара од Филипче да покаже документи дека златната виза во Дубаи ја добил како лекар, а не како содружник во фирми поврзани со Заев. Груевски тврди дека за добивање на таква виза е потребна инвестиција од најмалку 550.000 долари, сума која, според него, Филипче не можел да ја заработи само од лекарска плата.

Обвинувања за руски врски и ковид-афери
Груевски го нападна и Заев за наводни бизнис врски со руски компании, иако јавно ги поддржувал западните санкции кон Русија.

Дополнително, го потсети на аферата од времето на ковид-кризата, кога, според него, Заев и Филипче се обидувале да набават вакцини од Кина преку сопствена фирма за препродажба.

Заев возвраќа: „Никола, најди си хоби!“

Заев не остана должен. Во својата објава на Фејсбук му порача на Груевски:

„Никола, тебе навистина ти е досадно, нели?! Можеше да ја одлежиш казната и да покажеш достоинство, наместо да пишуваш епопеи од бегство“.


Тој го обвини Груевски за „капeње во украдените пари на граѓаните“ и му порача да си најде хоби, со саркастичен коментар: „Научи ли гулаш да правиш?“

Заев заврши со порака дека Македонија е „полноправна членка на НАТО“ и дека нема никакви врски со Русија: „Јас жеден да сум, Русија капка вода нема да ми даде, а камоли бизнис.“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Груевски и Заев во жесток судир на…

Груевски и Заев во жестока расправија на…

Mакедонија е на трето место по раст…

Македонската економија забележала реален раст на бруто-домашниот…

Коцевски смета дека на Анкетната комисија не…

„Сметам дека во овој момент не е…

Македонија, Грција, Србија, Унгарија и Австрија ќе…

Македонија со Грција, Србија, Унгарија и Австрија…

(Видео) Нов живот на планината: Шар Планина…

По успехот минатата година, кога првпат снимивме…