Груевски се присетува на Наце Чуповски: Заедно со брат му Димитрије го оди истиот пат во борба за обединета и независна Македонија
НАЦЕ ЧУПОВСКИ 1913 година, за македонскиот народ и јазик како засебен и неговата борба за независна и обединета Македонија
Пред неколку дена на 18 јануари се навршија 108 години од смртта на Наце Димов Чуповски (1876-1916) год., познат и како Атанас Чуповски или Атанас Димов Чуповски)— македонски национален деец и активист, брат на Димитрија Чуповски и близок соработник на Крсте Петков Мисирков.
Заедно со брат му Димитрије Чуповски тој го оди истиот пат со него во борба за обединета и независна Македонија и половина од својот краток животен век го поминува во Санкт Петерсбург, Русија.
Во еден краток текст во 1913 година тој ја опишува сржта на историја на македонскиот народ, предизвиците и обидите за асимилација од соседите преку црквата во последната четвртина на 19 век и почетокот на 20 век, на база на што во голема мера денес некои наши соседи се обидуваат да полагаат право на нашата нација како нивна, на нашата македонска историја како нивна, самочувството на нашите предци во тие тешки времиња како Македонци и манипулациите преку црквите и со македонскиот јазик.
Текстот е напишан 31 година пред 1944 година, за која нашиот источен сосед бара да прифатиме дека е година кога вештачки настанал македонскиот народ и дека пред тоа не постоел, и Македонците се чувствувале Бугари.
***
„Во овој момент гледаме дека Србите, благодарејќи на географската положба и политичките комбинации со поддршка на братска Русија си имаат кралство.
Бугарите си имаат царство извојувано со руска крв, а МАКЕДОНЦИТЕ, благодарејќи на конкурентите, си останува под турско ропство.
Освен тоа, МАКЕДОНЦИТЕ настрадаа уште и затоа што, наоѓајќи се под турско ропство, тие беа од сите страни економски блокирани и немаа државна организација и издршка на училишта и учебни институции.
Осудени отпрвин од римското владеење, а потоа под византиско потисништво и најпосле под турско ропство, страшното име МАКЕДОНЕЦ си наоѓаше засолниште од поколение во поколенија само во МАКЕДОНСКИТЕ срца. Што се однесува до МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК, Турците него отпрвин го викаа грчки и ги поддржуваа грчките училишта и цркви, а кога при преродбата на Словенската егзархија беше призната бугарската народност, Турците, мислејќи си дека разделувањето на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД во училиштен и црковен однос ќе им даде можност да ја задржат својата власт во Европа, не штедеа средства и правеа сè што служеше како материјал за одземање на јазикот и културата на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД.
Ете зошто МАКЕДОНЦИТЕ беа принудени да се потчинаат и да ги даваат своите деца во грчките, српските и бугарските училишта. Поради тоа во МАКЕДОНИЈА настана таква положба што еден и ист МАКЕДОНСКИ НАРОД го нарекуваат Грк, Србин и Бугарин само затоа што еден го признава грчкиот патријарх и се моли во грчките цркви, а друг оди во словенска црква. Во едни и исти градови и села поповите што добиваат плата од Бугарската егзархија се нарекуваат Бугари, оние, пак, што добиваат плата од Српската митрополија се нарекуваат Срби, а словенското МАКЕДОНСКО НАСЕЛЕНИЕ што оди во едно или друго училиште или црква се нарекуваат себеси Грк, Србин или Бугарин…
Документи за борбата…, том 1: 558-561; Димов, Н. Д. Исторический очерк Македонии и македонских славян. Петербург, 1913: 74-78.
***
Едно потсетување и една порака од неговиот брат Димитрија Чуповски во истата 1913 година:
„ДО МАКЕДОНСКИОТ НАРОД… Македонци! Наша должност и наша света обврска да им изјавиме на браќата Руси, Бугари, Срби, Грци и на целиот свет дека ние сме одделен од нив словеномакедонски народ, кој нив ги сака со еднаква љубов.
***
По смртта на Наце Чуповски во Санк Петерсбург во 1916 година, неговиот брат Димитрие за брата си на надгробниот споменик во петербуршките Бољшеоктенски гробишта запишал:
„Македонски деец Наце Димитриевич Димов. Умрен на 15 јули 1916 година, на 40 години од раѓањето. Живееше тој и се бореше за правото и слободата на македонскиот народ. Умре тој далеку од крајот роден без да го види слободен.
***
Родум од Папрадиште-Велешко, тогаш Османлиска империја, двајцата животот го завршија во Санк Петерсбург. Заедно со Крсте Петков Мисирков и неколкумина други студенти – Македонци во Санкт Петербург го основале Македонското научно-литературно другарство во чија дејност и работење Наце бил еден од неговите најактивни членови. Во рамките на тоа другарство Наце Димов во 1902 година изработил програма за формирање македонска национална држава во Македонија и програма за македонската национална култура и јазик.
Во 1913 тој својот реферат прочитан во Санкт-Петербуршкото словенско благотворно друштво на 28 февруари (4 март) 1913 година, каде меѓу другото ја предвидува втората балканска војна (за Македонија), го испечатил и го објавил како книга со наслов на своите 3 предавања: I. „Историска скица на Македонија и македонските Словени II. Причини за појавата на четичкото движење во Македонија III. Политички преглед на Македонија и Македонците”.
Браќата Чуповски и Мисирков доставувачи и испраќачи се на многу меморандуми и други документи до многу држави барајќи, аргументирајќи и апелирајќи за независна обединета македонска држава, објаснувајќи ја посебноста на македонскиот народ од соседните народи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хезболах не знаел дека купува пејџери од…
Двајца поранешни припадници на Мосад за американската…
74-годишна жена од Охрид заврши во болница…
Вчера во 18.00 часот во СВР Охрид…
Озлогласениот наркобос се врати во Колумбија по…
Еден од основачите на наркокартелот Меделин се…
ВО ЛУКСЕМБУРГ Е НАЈИСПЛАТЛИВО ДА СИ ЖЕНА:…
Родовиот јаз меѓу вработените ширум Европа и…
20-годишник тешко повреден, откако со „голф“ излетал…
20-годишен возач е тешко повреден откако со…