Гужви на Богородица и Табановце
Зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце за влез и ГП Богородица за излез од државата, а се чека околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира утрово АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Тоа посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За влез и излез од државава се…
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…
Конфликтот во Украина може да се прошири
Непријателствата би можеле да се прошират надвор…
Словенија воведе контроли на границите со Хрватска…
Денеска, во раните утрински часови, откако Љубљана…
Бугарската полиција со дронови ќе ги чува…
Бугарската полиција стави во употреба дронови за…
Во Косово мислат на своите: Влез само…
За влез во Косово од денска граѓаните…