Гужви на границите: На Богородица и Табановце се чека повеќе од еден час

t

Зголемена фреквенција на возила е забележана на патиштата надвор од градските средини, соопштуваат надлежните служби во дневната информација за состојбата на патиштата.

Сообраќајот на државните патишта во моментов се одвива непречено и по суви коловози, но поради зголемениот интензитет има подолги задржувања на дел од граничните премини.

На граничниот премин Табановце, за влез во државата се чека повеќе од еден час, додека за излез времето на чекање е околу 30 минути.

На Богородица, за излез од државата се чека повеќе од еден час, а за влез околу еден час.

Задржувања има и на Пелинце, каде што за влез во Македонија се чека околу еден час, а за излез околу 30 минути.

На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ информираат и дека на патниот правец Кичево–Охрид, поради градежни работи на повеќе делници, сообраќајот се одвива со девијации. Возачите се советуваат да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да ја прилагодат брзината на движење.

Поради зголемената фреквенција во текот на денот, на возачите им се препорачува внимателно планирање на патувањето и трпеливост при преминувањето на границите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гужви на границите: На Богородица и Табановце…

Зголемена фреквенција на возила е забележана на…

Активни пожари во Аеродром, Илинден, Босилово, Крива…

Вкупно девет пожари на отворен простор се…

ВМРО-ДПМНЕ: Инфлацијата од 5,7 падна на 2,3…

Венко Филипче со месеци ја плаши јавноста…

Тела на хитлерови војници и возила излегоа…

Екстремно ниското ниво на реката Дунав, предизвикано…

Постапка против едно лице за тешка сообраќајна…

Основното јавно обвинителство Скопје во скратена постапка…