Гужви по бензинските пумпи, од полноќ повторно скок на горивата

t

Новите зголемени цени на горивата кои ќе важат од полноќ повторно направија гужви на бензинските пумпи. Од попладнево повторно може да се забележат редици возила, слика слична како онаа од пред една недела.

Регулаторната комисија за енергетика денеска донесе нова одлука за зголемување на цените на горивата со која цената на дизелот се зголемува за нови 6,5 денари за литар, а на бензините за 7 денари.

Тоа значи дека од полноќ во наредните седум дена македонските граѓани ќе плаќаат 92 денари за литар дизел, 86,5 денари за литар Еуросупер БС-95 и 88,5 денари за литар Еуросупер БС-98.

На светските берзи денеска нафтата достигна цена од 105 денари за барел.

Владата засега не размислува за воведување на крзна состојба и мерки за ублажување на кризата. Според изјавите на владините претставници, имаме најевтино гориво. Дел од соседните држави како мерка за ублажување на кризата ги намалија акцизите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гужви по бензинските пумпи, од полноќ повторно…

Новите зголемени цени на горивата кои ќе…

СДСМ со одлука за исклучување на Петре…

Извршниот одбор на СДСМ денеска донесе одлука…

Германски министер за надворешни работи: НАТО не…

И Германија со контра реплика до претседателот…

Штипјани вечерва им оддадоа почит на загинатите…

Штипјани им оддадоа почит на загинатите од…

Трамп: Последната личност од која ни треба…

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп,…