Да го вратиме Томба дома – Апел за помош за македонски граѓанин во Малта

t

Роднини, пријатели и познаници преку социјалните мрежи и платформата Ecrowd.mk се организираат за собирање на парични средства за медицински транспорт на Николче Николовски – Томба до Скопје.

Тој во Малта, каде отишол на работа, доживеал мозочен удар по што поминал пет месеци во болница.

„Николче Николовски Томба е млад човек кој заминува на Малта во потрага за подобро утре. Полн енергија, желба, сила, се што една младост носи со себе. И мислејќи дека почнува една нова приказна, една кобна секунда прекинува се. Поради руптура на крвен сад доживува мозочен удар. Томба завршува во болница цели 5 месеци. Состојбата му е стабилна, но му претстои долг период на рехабилитација. Треба да се врати назад во Македонија, па со помош и поддршка на најблиските да го помине и овој период. И до тука некако се е во ред, НО, (секогаш има едно НО), превозот до Македонија чини 27.000 еур, сума која неговото семејство ја нема. Ајде да си го донесеме човеков дома, заедно, секој по малку. Велат, во туѓина ни свадба не се прави. Болеста и онака човек тешко сам ја издржува. Секој збор за утеха, подадена рака, молитва за спас, ќе му даде надеж дека ќе има подобро утре, дека не е сам. Му требаме сега и веднаш“ стои во повикот.

Сите кои сакаат да донираат тоа можат да го сторат на следниот линк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Да го вратиме Томба дома – Апел…

Роднини, пријатели и познаници преку социјалните мрежи…

Митева до Жерновски: Со владиниот авион нема…

Во емисијата „Само вистина“ на Канал 5…

Голем одрон на патот Скопје-Велес: Се вози…

Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје –…

Ќоку: БЕСА може да ја напушти Владата…

Координаторот на пратеничката група на коалицијата ВЛЕН,…

Николоски: Започнат е дијалог за финалното решение…

Превозниците со протестите го остварија едно од…