Објавено на:

Дали имате ќеркичка за тато? – Се појави нова морничава педофилска фејсбук-група со повеќе од 5.000 членови

t

Фејсбук-групата наречена „Ќерки и татковци – Кореспонденција“ предизвика загриженост и разочарување поради вознемирувачки објави кои алудираат на забранети сексуални девијации, вклучувајќи и педофилија. Озлогласената група постои од 20 август минатата година, а оттогаш, како што потврди „Блиц“, секојдневно се објавуваат пораки од постари мажи не само од Србија и градови како Панчево, Белград, Крагуевац, Лозница туку и од Будва, Риека, Осиек, па дури и од Франкфурт. Покрај постари мажи, во групата се рекламираат и помлади девојки, претежно со провокативни фотографии, при што се воспоставува врска преку апликацијата „Месинџер“, а телефонските броеви често се оставаат јавно.

На социјалната мрежа „Фејсбук“ се појави морничава група, која има преку 5.000 членови, претежно од Србија, но и од регионот, па дури и пошироко, а служи за поврзување на постари мажи со млади девојки, па дури и мали девојчиња. Ова ја шокираше јавноста и предизвика гнев.

Фејсбук-групата наречена „Ќерки и татковци – Кореспонденција“ предизвика загриженост и разочарување поради вознемирувачки објави кои алудираат на забранети сексуални девијации, вклучувајќи и педофилија, објави „Блиц“.

Озлогласената група постои од 20 август минатата година, а оттогаш, како што потврди „Блиц“, секојдневно се објавуваат пораки од постари мажи не само од Србија и градови како Панчево, Белград, Крагуевац, Лозница туку и од Будва, Риека, Осиек, па дури и од Франкфурт.

Групата функционира така што откако членовите ќе објават порака „добро утро“, чекаат да пристигнат првите одговори и да се јави една од девојките. А за да биде уште полошо, освен вообичаеното „Здраво, дозволете ми да ми се јави една слободна девојка“, може да се видат пораки со содржина: „Некоја девојка за тато“ или „Дали има девојка за мене?“ Исто така, покрај постарите мажи, во оваа морничава група на „Фејсбук“ се рекламираат и помлади девојки, претежно со провокативни фотографии. Потоа се воспоставува врска преку апликацијата „Месинџер“, а телефонските броеви често се оставаат јавно.

Меѓу оние што ја виделе групата на интернет се појавија различни теории за нејзината природа. Некои тврдат дека може да биде еден вид „стапица“ или обид за разоткривање потенцијални предатори на мрежите, додека други веруваат дека станува збор за исклучително вознемирувачка заедница во која поединци отворено објавуваат содржина што ги надминува границите на општествено прифатливо однесување, пишуваат белградските медиуми. Во моментов, оваа група има 5.205 членови и засега нема официјални информации за тоа кој стои зад неа или која е нејзината вистинска цел.

Корисници на социјалните медиуми реагираа остро откако објавите на групата почнаа да се споделуваат на платформи како „Икс“, „Инстаграм“ и „Тик-ток“, токму поради длабоко вознемирувачката содржина што се појавува таму. Некои корисници на социјалните мрежи побараа итен одговор од властите.

Како што Драган Јовановиќ, заменик-началникот на Одделот за високотехнолошки криминал при Министерството за внатрешни работи на Србија, претходно предупреди за „Блиц“, голема грешка е што корисниците на социјалните мрежи не ги сфаќаат сериозно овие платформи, и лесно објавуваат фотографии од своите куќи, автомобили, работни места, деца, па дури и лични документи, означуваат локации и прифаќаат за пријатели луѓе што не ги познаваат.

–Со оваа постапка им ја отвораме вратата на педофилите, а постои и посебна група која го користи „Фејсбук“ исклучиво за собирање слики. Тие предатори се толку упорни и собираат податоци со такви детали што не можете ни да замислите – рече Јовановиќ тогаш за „Блиц“.

Затоа, предупреди тој, на социјалните мрежи треба да се пристапува со истата претпазливост со која се пристапува кон работите во реалниот свет.

„Блиц“ потсетува дека во 2021 година беше откриена група на каналот „Телеграм“, која во еден момент броеше околу 36.000 мажи од Балканот. Во неа, тие споделуваа голи фотографии и видеа едни со други, па дури и адреси на жени од овие простори.

Српското Министерство за надворешни работи има континуирана акција за „ловење“ педофили на интернет, наречена „Армагедон“. Во рамките на последната рација, на крајот на минатиот месец, беа апсени седум лица осомничени за прикажување, поседување и споделување порнографски материјал и експлоатација на деца. За време на претресот во нивните домови беа пронајдени гигабајти фотографии и видеа со сериозна злоупотреба на деца на возраст од 4 до 14 години. Апсењата беа извршени во Белград, Сомбор, Ниш и Нови Сад, а осомничените беа задржани до 48 часа. Полицијата ги повикува родителите да ги следат онлајн активностите на своите деца и да пријавуваат какви било сомневања.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дали имате ќеркичка за тато? – Се…

Фејсбук-групата наречена „Ќерки и татковци – Кореспонденција“…

Се заканува ли глад во светот поради…

Светот е фокусиран на танкерите за нафта…

(Видео) Орбан заплаче пред камера зборувајќи со…

Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, ги обвини Украинците…

Стапката на наталитет се намалува во Македонија:…

Во Европската Унија во 2024 година се…

Тешко повредено 4-годишно дете во сообраќајка во…

4-годишно дете, патник во автобус, е тешко…