Дали не ви треба народен правобранител, ја прашуваат власта вработените во институцијата која од први јануари ќе згасне оти Собранието 5 месеци не избра омбудсман

t

По неколкуте апели до Собранието да избере Народен правобранител, откако во јули се пензионираше Омбудсманот Насер Зибери, вработените во институцијата, која во секоја демократска држава постои за да ги штити правата на граѓаните, денеска се обратија до медиумите. Бараат Собранието да си ја врши работата и да избере Народен правобранител кој ќе ја потпише завршната сметка и ќе обезбеди постоење на институцијата Омбудсман, плати за вработените, кирии, комуналии.

Три месеци оваа уставна институција доцни со кириите, a доверителите од целава земја ѝ се закануваат дека повеќе нема да толерираат неплаќање.

СОБРАНИЕТО ГИ ОСТАВИ ГРАЃАНИТЕ БЕЗ НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ, ГЛАВНИОТ ЗАШТИТНИК НА НИВНИТЕ ПРАВА
„Ние, вработените во Народниот правобранител како и двајцата преостанати заменици на Народниот правобранител, со овој допис и дописот кој ви го доставуваме во прилог, сакаме да ве информираме за безизлезната состојба во која се наоѓа централната институција која треба да биде посветена на заштита на човековите слободи и права, а воедно и механизам за надзор и следење на законитото работење на институциите од јавниот сектор, локалната самоуправа и јавните претпријатија, надлежности кои ни се дадени со Уставот на Република Северна Македонија и Законот за Народниот правобранител. За состојбата во која сме доведени, сметаме дека најповикано е Собранието на Република Северна Македонија, кое од 12.07.2025 година не е во состојба да избере нов Народен правобранител, иако од наша страна повеќепати е алармирано за состојбата во која се наоѓаме“, се вели во соопштението на вработените и на уште двајцата преостанати заменици на Народниот правобранител бидејќи мандатите на другите им се одамна завршени, а Собранието не избира нови заменици.

Последно вакво известување до Собранието е доставено на 11 декември, но вработените велат дека до денешен ден, 23 декември, не се известени дури ни со негативен одговор. Ниту пак е доставена покана за присуство на некој од преостанатите заменици на годишното обраќање на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

„Со овој допис сакаме да ја запознаеме целата македонска и поширока јавност од дипломатските претставништва во државата и странските мисии за состојбата во која се наоѓаат вработените во Народниот правобранител, кои во моментов не можат да остварат многу од своите права од работен однос, а од јануари 2026 година, веројатно нема да земаат ни личен доход, со што ќе престане да се уплаќаат редовните уплати за социјално и здравствено, но и за пензиско осигурување. Поради ова, се запрашуваме дали државата има потреба од ваква институција или не?“, прашуваат вработените.

На последниот брифинг со новинарите во Собранието, единствено спикерот Африм Гаши спомна дека стигнуваат алармантни дописи од оваа многу важна институција за граѓаните, а дека партиите не најдоа за потреба да седнат, да се договорат за кандидат и да изберат Народен правобранител на Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дали не ви треба народен правобранител, ја…

По неколкуте апели до Собранието да избере…

Експресно „НЈЕТ“ од Путин: Договорите на Зеленски…

Русија ќе бара значителни измени во нацрт-мировниот…

Жерновски по одлуката на Владата за кризна…

Членот на новиот Централен одбор на СДСМ,…

Mицкоски: Сум бил во странство, но се…

Наместо куфери за странство, работа и живот…

„Блумберг“: Русија ќе инсистира на клучни промени…

Русија има намера да постигне клучни промени…