Данска вознемирена дека Гренланд може да биде следна цел на Трамп
Отако САД го заробија венецуелскиот претседател Николас Мадуро вчера, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата администрација ќе „ја води Венецуела“ сè додека не се изврши транзиција на власта. Изјавата, како и самата воена интервенција, предизвика загриженост дека Трамп би можел да го насочи своето внимание кон други делови од светот.
Особено се зголеми загриженоста за Гренланд, автономна териротира во рамките на Кралството Данска, откако членови на движењето МАГА на Трамп почнаа отворено да коментираат на социјалните мрежи можноста за негово преземање од страна на САД, пренсува Индекс.хр.
Дополнителни тензии предизвика објавата на Кејти Милер, десничарска подкастерка и сопруга на Стивен Милер, моќниот заменик-шеф на кабинетот на Трамп за политика. Доцна синоќа, таа сподели мапа на Гренланд на социјалната мрежа X со американско знаме поставено над неа, заедно со краток коментар: „НАСКОРО“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Данска вознемирена дека Гренланд може да биде…
Отако САД го заробија венецуелскиот претседател Николас…
Стејт департментот одобри продажба на воена опрема…
Американскиот Стејт департмент одобри потенцијална продажба на…
Макрон: Го поддржуваме суверенитетот и територијалниот интегритет…
Претседателот на Франција, Емануел Макрон, денес изјави…
Трамп: Мораме да го имаме Гренланд
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека на…
Данска ја обвини Русија за сајбер-напади врз…
Данските власти објавија извештај на воената разузнавачка…