Данците веќе купиле 250 станови во Скопје, планираат да стигнат до 1.000
Данскиот инвестициски фонд Ваексткапитал груп веќе купил 250 станови во изградба на атрактивни локации во Скопје, а до крајот на годинава планираат да купат уште најмалку толку, потврдија од фондот за Телма.
Велат дека нивната цел е да стигнат до најмалку 1.000 станови за кратко време. Сепак, не одговорија на нашите прашања што планираат да прават со становите – да ги продаваат или да ги издаваат.
Според информациите на Телма, Данците соработуваат со неколку локални агенции за недвижности, но и директно со инвеститорите. Ги купуваат становите уште при ископани темели за зградите, со што добиваат пониска цена од онаа кога ќе бидат готови.
Никој од соговорниците во Скопје не сакаше да открие за кој фонд се работи, затоа што имале потпишано договор за доверливост, иако уверуваа дека навистина се работи за Данци.
По пребарувањето на дански фондови кои работат во регионот, наидовме на Ваексткапитал. На нивниот сајт, Македонија е наведена како една од земјите во кои имаат инвестиции.
Данскиот инвестициски фонд Ваексткапитал груп се смета себе си за еден од поважните играчи на пазарот. Веќе воспоставиле соработка со неколку поголеми градежни компании во земјава.
Велат дека нивниот интерес за инвестирање во Македонија се должи на позитивните економски изгледи за земјава, но и на атрактивниот пазар за недвижности.
Коосновачот на Фондот за Телма вели дека гледаат голем потенцијал во оваа област и сакаат да придонесат во растот, слично како што направиле во Софија.
„Веруваме дека растечката средна класа и добро образованата младина ќе ја издигнат земјата и сакаме да го поддржиме овој развој“, вели коосновачот на Фондот Јенс Киндберг за Телма.
На дилемите кои се појавија во јавноста чии пари се инвестираат, Киндберг вели дека во Македонија инвестира лични средства.
„Досега, лично инвестирав сопствени средства во Северна Македонија, бидејќи секогаш инвестирам прво јас пред да поканам инвеститори. Очекуваме да почнеме да каниме инвеститори оваа година“, вели Киндберг.
Холдингот Вакесткапитал е регистриран во Луксембург и поседува неколку компании во Данска. Тие веќе со години работат во Софија, преку нивната компанија СЕЕ Резиденшал. Според нивниот сајт, веќе имаат 262 стана на атрактивни локации во Софија и целта им да бидат најголемиот издавач на станови во главниот град на Бугарија. Според бугарското издание на Форбс, компанијата планира да стигне до 1000 станови во Софија до 2030 година.
Во Ваексткапитал велат дека досега инвестирале над 30 милијарди дански круни, односно над 4 милијарди евра во повеќе од 200 проекти во десетина европски земји и работат според данските, но и локалните закони каде што инвестираат.
Фондот, под името Дифко постои од 1976 година, а подоцна станува Вакесткапитал откако во дотогашниот менаџер Киндберг ја откупува компанијата. Инвестираат во фирми, енергетика, недвижности, шумарство и кредитирање.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Данците веќе купиле 250 станови во Скопје,…
Данскиот инвестициски фонд Ваексткапитал груп веќе купил…
Трамп го предупреди Зеленски: Ќе ја пропуштите…
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека…
„Што е спротивно на поредокот заснован на…
Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика…
Макрон: Русија е значително ослабена од конфликтот
Францускиот претседател, Емануел Макрон, тврди дека Русија…
МРСА пронајдена кај вработена во прилепската болница…
До редакцијата на Инфомакс денес пристигнаа информации…