Двајца 16-годишници приведени откако со мотоцикл удриле полицаец
Двајца 16-годишници од Скопје се приведени ноќеска по инцидент со полициска патрола на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, соопшти МВР. Според информациите, околу 00:10 часот полициски службеници забележале мотоцикл без регистарски ознаки, кој го управувал еден од малолетниците, но возачот не застанал на дадениот знак за запирање.
Во обид да избега, малолетникот со мотоциклот удрил во еден полициски службеник и му нанел повреди. Набргу потоа, по преземени мерки, мотоциклот бил запрен, а двајцата малолетници биле фатени и приведени. Како што се наведува, сопатникот при интервенцијата се однесувал агресивно кон полициските службеници.
Од полицијата информираат дека по целосно документирање на случајот, против двајцата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Двајца 16-годишници приведени откако со мотоцикл удриле…
Двајца 16-годишници од Скопје се приведени ноќеска…
Нормализиран сообраќајот на патниот правец Струга –…
Сообраќајот на патниот правец Струга – ГП…
Украдено оружје од ЈП „Паркови и зеленило“
Вчера во 9 часот наутро во СВР…
Тешко повредено 19 годишно момче, паднало од…
На 03.01.2026 во 20:02 часот во СВР…
Дедо од Скопје си го нападнал внукот…
Вчеравечер во Скопје бил уапсен 65-годишен човек…