Две деца и нивниот татко загинаа во експлозија на плинска боца во Малишева на Косово
Три лица, меѓу кои две деца, беа пронајдени починати откако избувна пожар во станбена зграда во Малишева, на Косово.
Портпаролот на Регионалната полиција во Ѓаковица – Шермет Ељезај рече дека околу 12:55 часот добиле информација дека има пожар во станбена зграда во населбата „Мирдита“.
Потоа, на местото на настанот дошле надлежните полициски единици, пожарникари и екипи за итни случаи.
Според Ељезај, во објектот биле пронајдени три лица – едно возрасно лице и две деца (едно девојче и едно момче).
Потоа биле префрлени во Центарот за семејна медицина во Малишева, каде што медицинската екипа констатирала смрт.
Се додава дека пожарот е локализиран.
Медиумите јавуваат дека пожарот во станот е предизвикан од експлозија на плинска боца, а жртвите биле на возраст од 9, 12 и 35 години.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Две деца и нивниот татко загинаа во…
Три лица, меѓу кои две деца, беа…
Терористичка група поврзана со Иран под истрага…
Властите во Македонија спроведуваат истрага за новоформираната…
ДУИ: 1.000 евра месечно за активист од…
Соопштение за јавност на ДУИ: Во Open…
Бродови поврзани со Иран имаат нова рута…
Најмалку два брода санкционирани од САД поврзани…
Утре е Балаклија, болните може да се…
Првиот петок по Велигден е Источен петок…