Две лица загинаа во несреќа со трактор во Гевгелија и Богданци
МВР информира дека вчера попладне во 18:50 часот во ОВР Гевгелија е пријавено дека ул. „Мирче Ацев“ во Богданци, трактор „фергусон“ со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од Ѓ.С.(64) од Богданци, удрил во бетонски ѕид и се превртел.
Од здобиените повреди на местото починал Ѓ.С., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.
По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гевгелија.
МВР информира дека вчера претпладне во 09:15 часот вo ОВР Гевгелија е пријавено дека на ул. „Костадин Зупов“ во с. Смоквица, гевгелиско, трактор „Тома Винковиќ“ со приколка со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од Р.Б.(75) од Гевгелија, излетал од патот и паднал во речното корито на река Мешкавица.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобил неговиот сопатник Ж.Г.(70) од с. Смоквица, констатирани во Општа болница Гевгелија.
Р.Б. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, од каде во 23:15 часот е добиено известување дека починал.
За настанот е известен јавен обвинител.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гевгелија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Две лица загинаа во несреќа со трактор…
МВР информира дека вчера попладне во 18:50…
Пијан возач со тракторот удри во автомобил,…
Пијан возач на трактор удрил во автомобил…
Несреќа во струмичко: Трактор падна во реката…
Вчера во Полициската станица Струмица е пријавено…
Тешко повреден 26-годишен жител на неготински Долни…
Тешко повреден е 26-годишен жител на неготински…
Маж загина откако се превртел со трактор…
Маж од гостиварско почина откако се превртел…