Објавено на:

Две лица од гостиварско приведени за организирање борби со кучиња

t

Две лица од гостиварскиот регион се лишени од слобода под сомнение дека организирале борби со кучиња, информира Министерството за внатрешни работи.

Од ОВР Гостивар соопштија дека на 29 јули во раните утрински часови биле приведени 44-годишниот Г.Ј. од селото Топлица и 46-годишниот А.А. од селото Чегране поради сомнение за сторено кривично дело „мачење животни“.

Според полициските информации, претходната вечер околу 23:45 часот, полициски службеници од Полициското одделение Галате на влезот во селото Топлица затекнале група граѓани и повеќе кучиња со видливи повреди и траги од крварење, кои настанале како последица на борба.

Од МВР наведуваат дека постојат сомненија оти лицата претходно се договориле да организираат борби со кучиња.

При увидот на местото, во патничко возило „фиат“ било пронајдено едно повредено куче, по што биле преземени дополнителни полициски мерки.

Двете лица биле задржани во полициска станица, а од МВР информираат дека по целосното расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Две лица од гостиварско приведени за организирање…

Две лица од гостиварскиот регион се лишени…

Момче можело да загине во Штип, се…

21-годишно момче, кое било сопатник во автомобил…

Ограбена потстаницата на Македонски железници во Драчево

Полицијата во Скопје вчера добила пријава од…

Приведени Германец и Србин со дрога и…

Граничната полиција на Табановце спречи внесување дрога…

По четири часа изгаснат е пожарот меѓу…

По четири часа Територијалната противпожарна единица Радовиш…