Две лица од Скопје се пронајдени мртви во викендичка
Двајца мажи на возраст од 30 години, жители на Скопје, се пронајдени без знаци на живот во викендичка во гостиварското село Горна Ѓоновица, потврдуваат надлежните институции.
Случајот бил пријавен во полицијата доцна синоќа, нешто пред полноќ, по што веднаш била испратена екипа на терен.
Лекар кој пристигнал на местото на настанот ја констатирал смртта, при што, според првичните информации, не биле забележани видливи траги на насилство.
Станува збор за лица со иницијали Т. Ј. и И. Н., двајцата на иста возраст, а по наредба на јавен обвинител телата се предадени на обдукција, која треба да ја утврди точната причина за смртта.
Увид на местото извршиле јавен обвинител и полициска екипа од СВР Тетово.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Две лица од Скопје се пронајдени мртви…
Двајца мажи на возраст од 30 години,…
Патник од Турција ограбен во скопско такси
МВР информира дека доцна синоќа во 22:20…
Скопјанец пронашол залутани зрна од огнено оружје…
Скопјанец пронашол залутани зрна од огнено оружје…
Идентификувани сите 40 жртви од трагедијата во…
Швајцарската полиција ги идентификуваше сите 40 лица…
Тепачка во Скопје – тинејџер заврши во…
Вчера во 20:10 часот во СВР Скопје,…