Две лица уапсени на автопатот Табановце–Куманово: Запленета брендирана стока и алат без документација
На 14 декември 2025 година, на автопатот Табановце–Куманово, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделението за гранични работи и миграции (ОГРМ), во два одвоени настани лишиле од слобода две лица и заплениле поголема количина стока без соодветна документација.
Во првиот случај, полициските службеници сопреле патничко возило „Голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.И. (38) од Куманово. При извршениот преглед во возилото биле пронајдени 272 парчиња разновидна брендирана стока, без документација за потекло. Стоката е одземена, а возачот лишен од слобода.
Во вториот настан било сопрено патничко возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.С. (41) од Скопје. При контролата биле пронајдени 174 парчиња разновиден рачен, батериски и електричен алат без соодветна документација. Возилото и алатот се одземени, а лицето е лишено од слобода.
По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Две лица уапсени на автопатот Табановце–Куманово: Запленета…
На 14 декември 2025 година, на автопатот…
Грчките земјоделци отфрлија преговори, остануваат на блокадите
Земјоделците кои протестираат против доцнењата во исплатите…
Бројот на загинати во терористичкиот напад на…
Бројот на загинати во пукањето на плажата…
Зеленски за мировниот план: Ниту една страна…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека…
Нормализиран сообраќајот на граничниот премин Богородица –…
Од вечерва, сообраќајот на јужната граница се…