Две од вкупно десет обврски од реформската агенда нема да бидат испорачани – вели Мицкоски

t

Од сите десет што се заостанати, само две од обврските од реформската агенда нема да бидат испорачани – изјави денеска премерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ги обвинувањата на опозицијата за застој во спроведувањето на реформите. Една од обврските кои нема да бидат исполнети е носењето на измените на Изборниот законик, кои, како што рече, се блокирани од страна на опозицискиот СДСМ.

„Знаете дека Изборниот законик се носи со консензус. СДСМ ја напушти работната група што работи на Изборниот законик и сè додека е таа одлуката, Изборниот законик не можеме да го донесеме, бидејќи тоа е еден од оние закони за кои е потребен консензус во рамки на Собранието. Сè останато ќе биде завршено и се останато ќе биде уште еден демант на лагите што ги испраќа СДСМ на дневните прес-конференции“,изјави Мицкоски одговарајќи новинарски прашања по денешната посета на Охрид.

Покрај обврската за менување на Изборниот законик која, според Мицкоски, нема да биде спроведена, рече дека власта свесно нема да реализира уште една обврска за да го заштити стандардот на граѓаните.

„Тоа е обврската со која се бара од државата да не обезбедува 100 отсто електрична енергија за домаќинствата и за сите оние корисници на електрична енергија од снабдувачот, бидејќи цениме дека тоа што го прифатила претходната влада ако ние го продолжиме и го прифатиме, тогаш сметките за електрична енергија на домаќинствата ќе бидат за 25 до 30 проценти поскапи, а може и повеќе. Тука свесно нема да одиме во реализација на тој чекор, бидејќи сакаме да го заштитиме стандардот на граѓаните“рече премиерот.

Во однос на обвинувањата на СДСМ за застој во спроведувањето на обврските од реформската агенда, Мицкоски ги посоветува граѓаните со резерва да ги прифаќаат пораките од опозицијата и додаде:

„Не само што нема застој, туку има напредок во реформската агенда со кој од последно место, Македонија сега е рамо до рамо со т.н. фронт-ранери во групата.“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Две од вкупно десет обврски од реформската…

Од сите десет што се заостанати, само…

Зајкова за Први мај: Наполнете гориво на…

Претседателката на ЛДП и пратеничка во Собранието,…

„Седев на подот, речиси да се онесвестам“:…

Воведувањето на новиот систем за влез/излез (EES),…

„Компании кои користат попуст реекспортирале гориво во…

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата по…

Марта Кос ја отфрли идејата на Вучиќ…

Еврокомесарката за проширување Марта Кос изјави дека…