Објавено на:

Двојни аршини на ФИФА? Прифатија жалба од САД, а ја одбија Франција

t

ФИФА ја одби жалбата на Француската фудбалска федерација за поништување на жолтиот картон на Мајкл Олисе, па играчот за врска ќе го дочека четвртфиналниот дуел со Мароко под закана од суспензија.

Олисе беше опоменат во судиското продолжение од осминафиналето против Парагвај, кое Франција го доби со 1-0. Доколку добие уште еден жолт картон против Мароко, ќе го пропушти евентуалното полуфинале. Французите побараа од ФИФА да ја поништи опомената, тврдејќи дека Олисе немал контакт со Матијас Галарза во спорната ситуација, но жалбата не беше прифатена.

„Утрово го добивме одговорот од ФИФА. Жолтиот картон останува“, кратко изјави селекторот Дидие Дешан на прес-конференцијата пред четвртфиналниот натпревар.

Одлуката претставува дополнителна грижа за францускиот стручен штаб пред дуелот со Мароко, особено бидејќи нова опомена би значела дека Олисе нема да може да настапи во евентуалното полуфинале.

Случајот привлече дополнително внимание затоа што доаѓа само неколку дена по одлуката на ФИФА да му го поништи црвениот картон на американскиот репрезентативец Фоларин Балогун.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Двојни аршини на ФИФА? Прифатија жалба од…

ФИФА ја одби жалбата на Француската фудбалска…

Трамп: САД остануваат најголем финансиер на НАТО

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека самитот…

Трамп: Русија и Украина ќе постигнат договор…

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека…

Макрон во посета на Сирија, ќе се…

Францускиот претседател Емануел Макрон пристигна во Сирија…

Венс: На Британија ѝ се потребни големи…

Американскиот потпретседател, Џ.Д. Венс, изјави дека Велика…