Објавено на:

Деканката во Ниш нападната со нож, Вучиќ: „Повредата ѝ е како кога сечете краставица или кромид“

t

Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва на ТВ Пинк го коментираше нападот со нож врз деканката на Филозофскиот факултет во Ниш, Наталија Јовановиќ.

„Деканката на Филозофскиот факултет, сопругата на Бане Банана, кажа дека сум ја нападнал јас, а повредата ѝ е, инаку, отприлика како кога сечете краставица или кромид. Според информациите што ги добив, станува збор за површна повреда, без сериозни последици. Но, сето ова требаше да се искористи за нешто…“ изјави Вучиќ.

Тој додаде дека напаѓачката е „очигледно психички нестабилна постара жена“ која утрото купила нож и го употребила кога ја забележала деканката. „Дали таа ја нападнала деканката или пак деканката тргнала кон неа, тоа ќе го утврди полицијата“, додаде Вучиќ.

„Не смеете да вадите нож на никого. Ние го осудивме ова. Но, не заборавајте дека истата таа деканка повикуваше на насилство. Рече дека не ѝ е потребна полиција, а денес ѝ треба. Па што сакате од нас?“ изјави српскиот претседател.

Нападот врз деканката се случил за време на протест пред Правниот факултет во Ниш. Според очевидци, напаѓачката ѝ се заканувала дека ќе ја поле со киселина, а потоа ја нападнала со нож. Присутните граѓани ја заштитиле Јовановиќ и ја однеле во блиска обложувалница, по што пристигнале Брзата помош и полицијата.

„Доживеав огромен стрес. Остана уште само да нè сечат на парчиња, не знам што е следно. Не треба да се подигнуваат тензиите вака, а знаеме кој ги поттикнува. И овој пат обвинив само една личност – таа што извади нож на мене, а тоа е претседателот на оваа држава“, изјави Јовановиќ откако ја напушти болницата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Деканката во Ниш нападната со нож, Вучиќ:…

Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва на ТВ…

СДСМ: Кој му ги дал службените тајни…

Од СДСМ прашуваат кој му давал службени…

Таравари: Одржливоста на Вреди и после избори…

Министерот за здравство и еден од лидерите…

Трамп ја спореди пресудата на Ле Пен…

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ја спореди…

(Видео) ХРТ сними документарец за трагедијата во…

Хрватската радио телевизија вчеравечер објави документарна емисија…