Делчевските моторџии поделија повеќе од 500 новогодишни пакетчиња на најмладите

t

Челновите на „Ендуро Тим Делчево“ традиционално поделија новогодишни пакетчиња на најмладите во Делчево, а како што велат тие тоа е хуман гест кој тие со години го негуваат.

„Оваа активност не е само обично делење подароци, туку симбол на внимание, љубов и грижа кон децата во нашата заедница. Ние цврсто веруваме дека најмалите се најбитни, бидејќи тие се срцето и иднината на општеството. Нивната среќа, искрената детска насмевка и радоста во нивните очи се најголемата награда за сè што го правиме.

Како тим, имаме за цел да „украдеме“ што е можно повеќе детски насмевки, да создадеме спомени кои ќе ги паметат и да им покажеме дека заедницата мисли на нив и се грижи. Преку вакви иницијативи сакаме да поттикнеме солидарност, хуманост и заедништво, вредности кои се особено важни во празничниот период.“

Од „Ендуро Тим“ најавија дека оваа акција ќе продолжи и во наредните години и се надеваат дека секоја година бројот на пакетчиња ќе се зголеми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ