Денес е Меѓународен ден на сеќавање на жртвите од Холокаустот
Денес е Меѓународен ден на сеќавање на жртвите од Холокаустот. На овој ден во 1945 година беше ослободен концентрациониот логор Аушвиц-Биркенау.
Црвената армија го ослободи Аушвиц, каде што пронајде околу 7.000 преживеани затвореници во логорот, вклучувајќи 700 деца. Тоа беше крај на еден од најлошите ужаси во човечката историја, кој траеше цели 1.689 дена, во кој беа убиени повеќе од еден милион луѓе, претежно Евреи.
Милиони луѓе беа прогонувани, третирани крајно нечовечки, лишени од достоинство и на крајот убиени од нацистите и нивните соработници низ цела Европа помеѓу 1933 и 1945 година.
Во 2005 година, Генералното собрание на Обединетите нации усвои официјална резолуција за одбележување на денот. Резолуцијата апелира до сите земји-членки на Обединетите нации да го почитуваат споменот на жртвите на Холокаустот. Резолуцијата, исто така, го охрабрува развојот на образовни програми насочени кон демонстрирање на решителност за спречување на иден геноцид.
Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот е особено одбележан во европските земји каде што 53 милиони луѓе, вклучувајќи речиси 31 милион цивили, ги загубија своите животи за време на Втората светска војна.
По повеќе од две години криење, од јули 1942 до август 1944 година, скриените Евреи биле откриени и депортирани во германски и холандски концентрациони логори.
Додека била во засолништето, Ана Франк го напишала својот познат дневник, кој станал една од најчитаните книги во светот, продадена во над 30 милиони примероци и преведена на 67 јазици.
„Без разлика што, јас сè уште верувам дека луѓето се навистина добри по срце“, напишала Ана Франк во својот дневник додека се криела од нацистите.
Таа починала во концентрациониот логор Берген-Белзен, гладна и погодена од тифус, кратко пред сојузничките сили да го ослободат логорот и само неколку месеци пред нејзиниот 16-ти роденден.
Точниот датум на смртта на 15-годишната Ана и нејзината 19-годишна сестра Марго не може да се утврди, но официјално е наведено дека починале на 31 март 1945 година (логорот бил ослободен на 15 април).
Тие биле погребани во масовна гробница, а нивните тела никогаш не биле пронајдени.
Откако се криеле повеќе од две години во задните соби на компанијата на нејзиниот татко во Амстердам, Ана, нејзините родители и постарата сестра, како и семејството Ван Пелт и стоматологот Фриц Фефер, биле откриени и однесени во логорот. Ова се случило на 4 август 1944 година.
На 1 ноември 1944 година, Ана и Марго биле одвоени од нивната мајка и префрлени во логорот Берген-Белзен со уште 70 други луѓе. Овој пат патувањето траело два дена, а тие дури и не знаеле каде ги носат. Тие останале таму до нивната смрт три или четири месеци подоцна.
Некои преживеани затвореници во логорот се сеќаваат на сестрите Франк, а нејзината поранешна соученичка, Нанет Блиц, која исто така завршила во тој логор, рекла дека Ана веќе била во многу лоша состојба до декември.
„Изгледала како скелет. Беше завиткана во ќебе, не можела да поднесе да носи облека бидејќи вошките лазеле по неа“, рекла таа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Денес е Меѓународен ден на сеќавање на…
Денес е Меѓународен ден на сеќавање на…
(Фото-галерија) Положување на цвеќе по повод 81-годишнината…
Делегации на локалната и централната власт положија…
81 година од депортацијата на македонските Евреи
Еврејската заедница во Република Македонија (ЕЗРМ) и…
79 години од ослободувањето на „пеколот на…
Денеска е Ден на сеќавање на Холокаустот,…
Пендаровски: Да се спротивставиме на секое зло…
По повод 27 јануари, Меѓународниот ден за…