Денес се празнува Пренос на моштите на свети Георгиј Кратовски, почнуваат Петровденските пости
Македонец, од градот Кратово. По занает златар. Во срцето и со сета душа христијанин. Имал осумнаесет години кога Турците сакале да го потурчат, но останал тврд во верата како прекрасен дијамант. Тогаш Турците го мачеле со најлути маки и најпосле жив го запалиле. Пострадал за Христос на 11 февруари 1515 година во Софија, за време на владеењето на царот Селим и се прослави со невенлива небесна слава. На овој ден се празнува пренесувањето на неговите мошти.
Овој пост е востановен во чест на светите Господови апостоли. Во овој пост се пости вака: во среда и петок не се јаде масло и вино; во понеделник, вторник и четврток се дозволува масло и вино, а во сабота и недела – масло и риба.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Денес се празнува Пренос на моштите на…
Македонец, од градот Кратово. По занает златар.…
Денес се празнува Свети Михаил, епископ Синадски
Овој свет и мудар јерарх од детството…
Денес се празнува Светиот кнез Јован Владимир
Тој израсна во благочестиво и царско семејство…
Денес се празнуваат Светиот цар Константин и…
Родители на Константин му беа царот Констанциј…
Денес е Слегувањето на Светиот Дух –…
Новозаветната Педесетница е денот на славното исполнување…