Денес се празнува Светиот апостол Петар
Овој ден се споменува заради веригите во коишто беше окован од беззакониот Ирод и кои при појавата на ангелот во затворот паднаа од него (Дела 12, 7). Овие вериги христијаните ги чуваа колку заради споменот на великиот апостол толку и заради нивната исцелителна моќ, зашто мнозина болни се исцелуваа допирајќи се до нив (како од ризата на апостолот Павле; Дела 19, 12). Ерусалимскиот патријарх Св. Јувенал овие вериги ? ги даде на царицата Евдокија, прогонетата жена на царот Теодосиј Помладиот, а таа ги преполови и едната половина ? ја испрати на црквата на Светите апостоли во Цариград, а другата на својата ќерка, царицата Евдоксија, жената на Валентијан во Рим. Евдоксија му изгради црква на Св. апостол Петар и во неа ги положи овие вериги заедно со оние во коишто апостолот беше окован пред да најде смрт од царот Нерон.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Денес се празнува Светиот апостол Петар
Овој ден се споменува заради веригите во…
Денес се празнува Преподобен Гаврил Лесновски
Се родил во местото Осечко Поле кај…
Денес се празнува Свети Сава, архиепископ Српски
Син на српскиот жупан Стефан Немања, се…
Денес се празнуваат Светите маченици Ермил и…
Царот Ликиниј покрена луто гонење на христијаните.…
Денес се празнува Светата маченичка Татијана
Римјанка, од угледни родители. Христијанка и ѓакониса…