Денес се празнува Светиот маченик Полиевкт

t

Градот Мелитина Ерменска е многу натопен со христијанска крв, како и целата земја Ерменска. Но првата крв за Христа во овој град беше на Свети Полиевкт, пролеана околу 259 година во времето на царувањето на Валеријан. Во тој град имаше двајца пријатели офицери: Неарх и Полиевкт. Неарх беше крстен, Полиевкт некрстен. Кога излезе царската заповед за гонењето на христијаните, Неарх се подготвуваше за смрт, но беше во голема тага што не успеа и својот другар Полиевкт да го обрати во христијанската вера. Кога Полиевкт дозна за тагата на Неарх, му вети дека ќе ја прими Христовата вера. Утредента тој му го раскажа на Неарх овој сон: дека Господ Христос му се јавил во светлина, ја симнал од него старата облека и го облекол во нова, пресјајна, и го поставил на седло од крилест коњ. По ова Полиевкт отиде в град, ја искина царската заповед за мачење на христијаните, ги искрши идолските статуи. Го мачеа и го осудија на смрт. Кога го изведоа на губилиштето, го здогледа Неарх сред толпата и радосно му викна: „Спасувај се, драг пријателу! Сети се на заветот на љубовта што се утврди меѓу нас“. И Свети Неарх подоцна заврши маченички за Христа запален во оган. Неговиот спомен е на 22 април.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Денес се празнува Светиот маченик Полиевкт

Градот Мелитина Ерменска е многу натопен со…

Денес се празнува Свети Григориј, епископ Охридски

Житие: Свети Григориј, епископ Охридски Благочестив учител…

ЗА МНОГУ ГОДИНИ! Денес е Богојавление –…

Кога Господ Исус наврши триесет години од…

Денес се празнува Светиот пророк Малахија

Според редоследот на времето тој е последниот…

Денес се празнува Свети Силвестер, eпископ Римски

Роден е во Рим. Светската мудрост и…