Денес се празнува Светиот свештеномаченик Јануариј и другите со него
Овој светител беше епископ во Кампанија Италијанска. За време на гонењето на Максимијан беше изведен на суд и мачен на разни начини, а тој поднесе с ? трпеливо. Кога го фрлија во оган, огнот се разлади со невидлива роса и маченикот стоеше неповреден сред огнот и Му пееше пофалба на Бога. Тогаш му го стружеа телото со железни четки дури коските не му побелеа, но маченикот поднесуваше незлобливо и трпеливо. Неговиот ѓакон Фауст и чтецот Дисидериј, коишто ги гледаа неговите маки, плачеа по својот духовен отец, но и нив ги врзаа и заедно со епископот ги поведоа во градот Путеол и ги фрлија во затвор. Во истиот затвор беа затворени за Христа и путеолските ѓакони Прокул и Сосиј и двајца лаици христијани Евтихиј и Акутион. Сите седуммина ги фрлија пред ѕверови. Но ѕверовите не ги ни допреа. Тогаш ги убија со меч, а неаполските христијани тајно го пренесоа телото на Свети Јануариј во својот град и чесно го положија в црква. На гробот на овој светител до денешен ден се пројавуваат многубројни чуда. Меѓу бројните чуда запамтено е и тоа дека една бедна вдовица, на којашто ? беше умрел синот единец, ја зеде од црквата иконата на Свети Јануариј и ја положи на својот мртов син плачејќи и молејќи го светителот. И нејзиниот син оживе. Свети Јануариј пострада чесно во 305 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Денес се празнува Светиот свештеномаченик Јануариј и…
Овој светител беше епископ во Кампанија Италијанска.…
Денес се празнува Преподобен Јован Ветхопешчерник
Се подвизуваше во т.н. Ветха Пешчера или…
Денес се празнува Светиот маченик Јован Нови…
Родум од Јанина, некогаш престолнина на царот…
Денес се празнува Свети свештеномаченик Кипријан Слепченски
Свети Кипријан бил игумен на манастирот посветен…
Денес се празнуваат Светите маченички Агапија, Хионија…
Родени сестри од околината на Аквилеја. Кога…