Денеска пресуда за Стојанче Јовановски

t

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да биде објавена пресудата за Стојанче Јовановски, обвинет за три кривични дела – телесни повреди сторени како продолжено дело на семејно насилство, загрозување на сигурноста и наведување на самоубиство и помагање во самоубиство, поврзани со трагедијата од 2 март годинава, кога неговата сопруга Ивана Јовановска и шестгодишната ќерка Катја го загубија животот.

Обвинителството, во завршен збор, побара максимална казна за обвинетиот оценувајќи дека во постапката е докажан континуитет на физичко, психичко и економско насилство врз Ивана Јовановска, кое, според обвинението, кулминирало со трагедијата на 2 март годинава. Одбраната, пак, побара ослободителна пресуда со став дека Обвинителството не ги докажало ниту последицата ниту каузалитетот за делата што му се ставаат на товар на обвинетиот.

Во завршниот збор јавната обвинителка Адела Бојчевиќ посочи дека исказите на членовите на семејството, психијатриското вештачење, медицинската документација, аудиозаписите и другите материјални докази дале јасна слика за подолготрајно малтретирање и дека не станува збор за изолиран инцидент, туку за континуирано насилство и контрола врз оштетената.

Во однос на обвинетиот, обвинителката наведе дека, според медицинското вештачење, кај него не постои душевно заболување, кое би ја намалило одговорноста, туку доминирале потреба од контрола, манипулативност, недоволна самодоверба и сомничавост.

– Предлагам судот да донесе пресуда и да изрече казна во рамките на законскиот максимум, која ќе ги одрази тежината на делата и потребата од превенција од семејно насилство. Обвинителството бара максимална казна за сите три кривични дела поради пораката дека физичкото и семејното насилство може да убиваат исто како и физичката сила – истакна Бојчевиќ.

Одбраната на обвинетиот, пак, во завршниот збор тврдеше дека доказите се контрадикторни, а сведочењата претежно посредни, а не непосредни. Адвокатот Давор Ангелевски рече дека не е докажано кој, кога и на кој начин ги нанел повредите, како и дека не е докажан каузалитетот ниту за кривичното дело загрозување на сигурноста ниту за делото наведување на самоубиство и помагање во самоубиство поради што побара обвинетиот да биде ослободен.

– Ниту последицата е докажана ниту каузалитетот е докажан за критичниот ден… Со вештиот наод не се докажа дека Стојанче сторил телесна повреда… доказите се контрадикторни, сведочењата се посредни, а не непосредни… Предлагаме пресуда со која обвинетиот Стојанче Јовановски ќе биде ослободен – истакна Ангелевски.

Самиот обвинет Стојанче Јовановски ги отфрли обвинувањата тврдејќи дека не ја поттикнувал ниту охрабрувал сопругата на таков чин и дека никогаш не би ги оставил сами доколку, како што тврдеше, не бил присилно изваден од станот од страна на Саздов. Јовановски ги оспори и наводите за телесните повреди тврдејќи дека некои од нив биле нанесени од Саздов и рече дека сведоците давале лажни искази за да го оцрнат.

Во име на оштетените, адвокатката Неда Чаловска истакна дека дејствата на обвинетиот не претставуваат изолирани инциденти, туку каузално поврзани настани што кулминирале на 2 март. Таа наведе дека присилното одземање на станот, заканите дека Ивана ќе биде избркана од домот и дека ќе ѝ биде одземено детето, ја довеле жртвата до состојба на постојан страв и апсолутна несигурност. Чаловска побара и имотноправно побарување за мајката на Ивана, Љубица Стојановска, и за братот Александар Стојановски.

Судењето против Јовановски почна кон крајот на март. Во текот на доказната постапка пред судот беа презентирани аудиоснимки од полициски пријави и видеоснимки, на кои, според Обвинителството, е регистрирано физичко и психичко насилство врз Ивана Јовановска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За 8 март дури осум пријави за…

На 08.03.2026 во 23:00 часот во Скопје,…

Лишен од слобода насилник кој ја нападнал…

Лишен од слобода насилник од охридско, во…

Судска постапка за пет деца за ужасното…

Основното јавно обвинителство Скопје до судијата за…

Го натепале затоа што им рекол дека…

МВР го потврди настанот со претепаното лице…

Агресивен зет со тврд и остар предмет…

Синоќа во Штип, полициски службеници го привеле…