Денеска се празнува Свети Јован Милостив

t

Патријарх Александриски. Роден е на островот Кипар во кнежевско семејство. Воспитан од детството како вистински христијанин. На настојување од родителите се ожени и имаше деца. Но, по Божја промисла се упокоија и децата и жена му. Прочуен поради милосрдието и благочестивоста, Јован беше избран за патријарх Александриски во времето на царот Ираклиј. Десет години управуваше со александриската Црква како вистински пастир, чувајќи ја од незнабошците и од еретиците. Беше пример на кротост, милосрдие и човекољубие. Сите свети се одликуваа со милосрдие, но свети Јован ѝ беше предаден на оваа света добродетел. Еднаш, служејќи Литургија се сети патријархот на Христовите зборови: „Ако принесуваш дар на жртвеникот и таму се сетиш дека брат ти има нешто против тебе, тогаш остави го дарот таму, пред жртвеникот, па отиди и најнапред помири се со брата си, а потоа дојди и принеси го дарот“ и се сети дека еден од клириците е зловолен кон него; тој брзо ги остави Светите Дарови, му пријде на тој клирик, му падна пред нозете и го замоли за прошка. И, дури кога се измири со човекот, се врати пред жртвеникот. Еднаш, пак, одејќи кон црквата на светите Кир и Јован, се случи да го сретне една бедна вдовица и почна да му говори за својата беда. Придружниците на патријархот почувствуваа здодевност од долготрајната поплака на жената, па му рекоа на владиката да побрза в црква на служба, а жената би можел да ја слуша и после службата. Свети Јован им одговори: „А како ќе ме послуша мене Бог ако јас не ја послушам неа?“ И не сакаше да мрдне од местото дури не ја ислуша нејзината поплака докрај. Кога Персијците удрија на Египет, патријархот Јован седна во кораб за да се оддалечи од напаста. По пат се разболе и кога стигна на Кипар умре, завршувајќи го животот во својот роден крај, во 620 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Денеска се празнува Свети Јован Милостив

Патријарх Александриски. Роден е на островот Кипар…

МЕТЕО: Променливо облачно време со сончеви периоди

Од УХМР известуваат дека времето денеска ќе…

Руте: Србија има суверено право на воени…

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…

Украина: Речиси сè што предложивме е прифатено…

САД и Украина за време на разговорите…

Лумир Абдиџику ќе биде кандидат за премиер…

Претседателството на Демократскиот сојуз на Косово (ДСК)…