Деспотовски во одбрана на Мицкоски: Не треба да се подгрева стравот кај граѓаните, Владата потврди дека нема да има нелегални мигранти

t

На телевизија Алфа во емисијата „Заспиј ако можеш“ гостуваше Јован Деспотовски, член на СДС, кој на самиот почеток истакна дека граѓаните почнувале да го менуваат впечатокот за тоа дека во државата може да владее правото.

„Кај луѓето, кај јавноста почна да се менува впечатокот дека сепак во државата може да се постигне владеење на правото. Јавноста се гледа дека е вознемирена од темата, дали е тоа причината исклучиво од тоа што СДС ја држи темата активна веројатно да, делумно. Јас кога би бил носител на позиција во СДС од којашто ќе се одлучува би го отворил како прашање, меѓутоа ако од нашиот политички опонент добиете став нема да се случи- океј“, рече Деспотовски.

Деспотовски ги коментираше и шпекулациите од страна на СДС за нелегалните мигранти во Македонија, потенцирајќи дека нема причина да се подгрева стравот кај граѓаните поради тоа што Владата веќе ги отфрлила истите тие шпекулации.

„Многу едноставно се проверува тоа затоа што ќе се случи во февруари, во март, во април, следната година, за две години, сеедно. Би ја отворил темата доколку вие како политички опонент излезете и кажете не, не е така, би застанал тука затоа што нема потреба дополнително да го подгревате стравот кај граѓаните. А лесно се проверува затоа што нема да ги скријат, ние не зборуваме за 10-15 луѓе или еден дошол па сме му дале пасош, тука стануваше збор за стотици или илјадници, сметам дека во моментот нема причина зашто да сметаме дека работите се поинакви од она што веќе се доби како информација односно потврда од страна на највисоките претставници на институциите“, дециден е Деспотовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Деспотовски во одбрана на Мицкоски: Не треба…

На телевизија Алфа во емисијата „Заспиј ако…

(Видео) Божиќна порака на Зеленски: Се бориме…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се обрати до…

Апасиев достави предлог-заклучоци за трагедијата во „Пулс“:…

Димитар Апасиев, пратеник и претседател на Постојаната…

Поларен студ ја зафаќа Македонија: Силен северен…

Викендов, на 27 и 28 декември, Македонија…

ОЈО за Инфомакс: Нема да има потреба…

Нема да има никаква потреба од нова…