Објавено на:

Детали за смртта на Србинот на Халкидики: Горан скокнал во морето за да спаси човек

t

Одморот што требаше да биде спомен за цел живот се претвори во црн ден за семејството Комазец од Белград. 56-годишниот Горан Комазец трагично го загуби животот на познатата плажа во Сарти, а неговиот последен чин на овој свет беше чин на најголема човечност, храброст и несебичност, објавуваат српските медиуми.

Горан уживал во сончевиот ден на плажата со сопругата и малолетниот син, кога се слушнал очаен повик за помош. Непознат човек беше одвлечен од брегот од силната морска струја.

Како што пренесуваат српските медиуми, Горан не се двоумел и веднаш влегол во разбранетото море со својот син. Според неофицијални информации, срцето на Горан не можело да издржи брзото влегување во ладната вода. Се претпоставува дека доживеал срцев застој поради шок и напор. Иако спасувачите и лекарите реагирале и брзо го извлекле на брегот, а потоа итно го пренеле во болница, немало спас за 56-годишниот маж од Белград. Лекарите можеле само да ја констатираат неговата смрт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Детали за смртта на Србинот на Халкидики:…

Одморот што требаше да биде спомен за…

Нападнале 14-годишник и се обиделе да му…

Двајца малолетници на возраст од 15 и…

Ужас во Македонија: 52-годишен маж полово вознемирувал…

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Х.Б.…

На дното кај Сицилија откриен римски брод…

На само неколку километри од брегот на…

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е бледа копија на Заев,…

„СДС е во паника, а Венко Филипче…