Објавено на:

Децата во Газа се враќаат на училиште по речиси две години

t

Децата во градот Газа, за првпат по две години од почетокот на војната, се враќаат назад во училиште, објави „Би-би-си“.

Наместо во училници, децата учат во шатори. Како што опишува репортерот на Би-би-си, ситуацијата не е ни блиску до нормален училишен ден, но е сепак почеток на враќање во нормалниот живот.

По две години војна, околу урнатините на она што некогаш било училиштето Лулва Абдел Вахаб ал-Катами, во населбата Тел ал-Хава во југозападниот дел на градот Газа, сега одекнуваат разговорите на соучениците.

Училиштето било погодено во јануари 2024 година, а со месеци потоа територијата служела како засолниште за раселените семејства. Денес, тоа е повторно место за учење, иако во поразлична форма.

Учениците се радосни да се вратат во училишните клупи, а некои за прв пат го почнуваат своето образование. За многумина, ова е прво враќање кон рутината и образованието откако започна војната.

Според УНИЦЕФ, повеќе од 97% од училиштата во Газа биле оштетени или уништени за време на војната. Од 658.000 деца на училишна возраст, повеќето немале формално образование речиси две години. Во тој период, многумина од прва рака научиле како гладот, раселувањето и смртта можат да ги обликуваат нивните млади животи.

Импровизираното училиште е предводено од УНИЦЕФ и ги здружува децата од училиштето Лулва и другите деца раселени од војната. Засега, не се учи целата наставна програма, само основите предмети: арапски, англиски, математика и наука.

Во училиштето моментално одат 1.100 момчиња и девојчиња, работејќи во три смени на ден, при што момчињата го посетуваат наизменично од девојчињата. Има само 24 наставници. Покрај напорите, побарувачката го надминува капацитетот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Децата во Газа се враќаат на училиште…

Децата во градот Газа, за првпат по…

Мицкоски: Водиме политика која подразбира брак и…

Како Влада водиме јасно определена про-семејна политика,…

Израел ќе отстрани над 20 хуманитарни организации…

Израел во вторникот соопшти дека ќе суспендира…

Кривична пријава против директор за незаконско вработување…

ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против А.С.…

СЗО: Над 1.000 пациенти починаа чекајќи евакуација…

Повеќе од 1.000 пациенти починаа во претходната…