ДЗР: Сериозни неправилности во работењето на ДИК за 2024 година

t

Државниот завод за ревизија утврдил сериозни пропусти и системски недостатоци во работата на Државната изборна комисија за 2024 година, се наведува во најновиот ревизорски извештај.

Според ревизорите, пописот на средствата и обврските не бил спроведен во согласност со законските правила, а дел од недвижниот имот воопшто не бил соодветно проценет.

Исто така, утврдено е дека планирањето и одобрувањето на буџетските средства за изборите не се вршело согласно предвидените законски пропорции.

Во извештајот се посочува и дека документацијата поврзана со трошоците за изборните активности често била доставувана доцна и во нецелосна форма. Дополнително, биле евидентирани набавки на стоки и услуги без спроведена постапка за јавна набавка, како и недоследна примена на Законот за јавни набавки.

Ревизијата открила отстапувања и во распределбата на средствата утврдени со член 88 од Изборниот законик. Наместо законски предвидените 33,33 проценти за платено политичко рекламирање, при планирањето биле предвидени 50 проценти, додека за останатите изборни активности наместо 66,67 проценти биле распределени исто така 50 проценти. Во крајната реализација, 43 проценти од средствата биле искористени за политичко рекламирање, а 57 проценти за други изборни активности.

Како резултат на ваквите отстапувања, 129,4 милиони денари, кои првично биле наменети за други изборни дејствија, биле пренасочени кон покривање на трошоците за платено политичко рекламирање на учесниците во кампањите.

Ревизорите предупредуваат и на пошироки системски слабости, нагласувајќи ја потребата од подобро усогласување на законската рамка за оданочување на изборните активности, како и ревидирање на моделот за распределба на средствата за политичко рекламирање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДЗР: Сериозни неправилности во работењето на ДИК…

Државниот завод за ревизија утврдил сериозни пропусти…

ДЗР: Снемало 30 лаптопи од Министерството за…

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на…

Бојан Маричиќ избран за нов претседател на…

Со двотретинско мнозинство, Собранието денеска го избра…

ОЈО оформи предмет за дивоградбите во Охрид…

По вчерашниот извештај на Државниот завод за…

Бојан Маричиќ предложен за претседател на ДИК

Собраниската Комисија за прашања на изборите и…