ДЗР со ревизија на АВРМ: Нерамномерна распределба на над 23 милиони евра за вработување

t

За активните мерки за вработување во 2024 година се исплатени 1.442.207 илјади денари (23,4 милиони евра), но при распределбата не е обезбеден принципот на рамномерен регионален развој, покажува ревизијата на Државниот завод за ревизија (ДЗР) за работењето на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија (АВРСМ).

Повеќе од половина од средствата кај одделни мерки се концентрирани во мал број центри за вработување, односно 62,05 отсто од мерката самовработување и над 50 отсто од мерките субвенционирање на плати и вработување и раст на правни субјекти се реализирани во само неколку градови Скопје, Тетово, Струга, Куманово и Пробиштип, додека останатите добиле значително помал удел.

Ревизорите констатирале неправилности и неусогласености во работењето на АВРСМ и изразиле мислење со резерва за реалноста и објективноста на
финансиските извештаи и неповолно мислење за усогласеност со законската регулатива, упатства и воспоставените политики за 2024 година.

-Во 2024 година преку АВРСМ исплатени се 1.326.958 илјади денари или приближно 21.541.526 евра за паричен надоместок во случај на невработеност, од кои за паричен надоместок 876.960 илјади денари (14.236.364 евра) и за материјално обезбедување 449.998 илјади денари (7.305.162 евра), што претставуваат 40,6% од вкупните расходи на АВРСМ во 2024 година. Исплатите за паричен надоместок се повисоки за 27,13%, односно за 187.148 илјади денари, во однос на 2023 година, посочуваат од ДЗР.

Ревизијата утврдила слабости во постапката за остварување на правото на паричен надоместок, кои се однесуваат на некомплетна документација, невоспоставена електронска размена на податоци со Фондот за ПИО, како и отстапувања при утврдувањето на висината на надоместокот. – Утврдено е дека најголемиот дел, односно 67,91отсто од исплатениот износ за паричен надоместок во случај на невработеност во текот на 2024 година е по основ на престанок на работниот однос склучен на определено време, При ревизијата се констатирани случаи на договори за вработување на определено време склучени во траење од само три дена, договори продолжувани над законскиот максимум од пет години, како и повторно вработување кај истиот работодавач по користење на правото на паричен надоместок, што упатува на потреба од зајакнување на контролите при остварувањето на ова право, велат од ДЗР.

За реализација на активните програми и мерки за вработување (вкупно 14) предвидени со Оперативната програма во 2024 година исплатени се вкупно 1.442.207 илјади денари (23.412.451 евра) што претставува зголемување за 16,34 отсто во однос на 2023 година.

При распределбата на средствата, како што посочуваат од ДЗР, не е обезбеден принципот на рамномерен регионален развој. Кај одделни активни мерки исплатите во скопскиот и дел од западните плански региони ја надминувале утврдената квота и до четири пати, додека регионите од централниот и источниот дел на државата добиле помал обем на средства.

За мерката Самовработување, 62,05 отсто од средствата се реализирани преку центрите за вработување во само пет градови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДЗР со ревизија на АВРМ: Нерамномерна распределба…

За активните мерки за вработување во 2024…

ДЗР утврди низа неправилности во МЕПСО, дури…

Утврдени се неправилности во управувањето со имотот,…

Пензискиот систем е во дупка, покажува извештајот…

Наплатата на придонесите за пензиско и инвалидско…

Надоместоци исплаќани без критериум, пропусти во трошоците:…

Државниот завод за ревизија изрази мислење без…

Исчезнал кабел од 15.000 евра, потрошени 50.000…

Во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) биле…