„Дизни“ ќе плати 10 милиони долари за шпионирање деца
Медиумскиот и гигант од забавната индустрија „Дизни“ се согласи да плати 10 милиони американски долари за да ги реши обвинувањата за прекршување на законите за собирање податоци, кои се дизајнирани за заштита на децата. Завршувањето на судскиот спор против две од компаниите на „Дизни“ го потврди и американското Министерство за правда.
Во тужбата, Министерството наведе дека „Дизни“ не означил правилно некои од своите видеа на „Јутјуб“ како содржини наменети за деца. Благодарение на тоа, компанијата и нејзините партнери наводно можеле да насочуваат реклами кон деца на „Јутјуб“ и незаконски да собираат лични податоци од нив, без да ги информираат родителите или да добијат нивна согласност.
Со тоа е прекршен Законот за заштита на приватноста на децата на интернет (COPPA), кој им забранува на операторите на веб-страници свесно да собираат лични податоци од деца помлади од 13 години, освен ако претходно не добијат согласност од родителите. Меѓу неправилно означените јутјуб-канали се „Пиксар“ „Дизни+“ и „Дизни анимејшн студиос“.
Во видеата се појавувале популарни ликови од анимирани филмови, меѓу кои и „Фроузен“ и „Тенглд“.
Покрај финансиската казна, судската одлука му забранува на „Дизни“ понатамошно прекршување на COPPA на YouTube и бара од компанијата да воспостави континуиран систем за преглед на содржините, со цел да се обезбеди усогласеност на нивните видеа со законот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Дизни“ ќе плати 10 милиони долари за…
Медиумскиот и гигант од забавната индустрија „Дизни“…
Шокантно: Американските власти открија канцерогени материи во…
Американските власти открија канцерогени материи во две…