Димитриевски за Изборниот законик: Подобро е да донесете нешто отколку ништо
Според лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, подобро е да се донесе нешто отколку ништо, во однос на дебатата за новиот Изборен законик. Димитриевски, одговарајќи на новинарско прашање во Штип, додаде дека за нив како партија, воопшто не е спорно гласањето на нашите граѓани кои живеат или работат привремено во странство, бидејќи тоа право им е загарантирано со Устав.
„Потребно е само да се најде соодветен модел за тие да можат да го остварат тоа право. Зборувам за парламентарни и претседателски избори“, изјави Димитриевски.
Во однос на локалните избори, тој нагласи дека партијата не поддржува гласање на лица кои имаат резидентен статус во други држави, така да ЗНАМ не дава согласност за таква мерка.
Осврнувајќи се на предлогот Македонија да биде една изборна единица, Димитриевски рече дека ЗНАМ целосно го поддржува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Максим Димитриевски сака трет мандат за Куманово
Актуелниот градоначалник и лидер на ЗНАМ, Максим…