Димитријевиќ: Свиркач открива шема за пумпање пари во Пошта – 300.000 евра секоја година
Граѓаните се вклучија во борбата против корупцијата и криминалот, до Антикоруцпискиот тим секојдневно пристигнуваат пријави. АКТ веќе го објави скандалот за тендерот од 1,2 милиони евра кои го добива фирма БС КЛИНИНГ ДООЕЛ блиска до ЗНАМ од Пошта кој беше пријавен преку плтформата МИЦКО.мк, вели Александар Саша Димитријевиќ – генерален секретар на СДСМ.
– Денеска ќе прочитаме наводи од писмо на вработен во Пошта А.Д. исто така доставено до нас, со основано сомнение за тоа како преку овој тендер се пумпаат пари од граѓаните. Одиме по ред. Пријавувам организирана кражба на 25.000 евра евра месечно или 300.000 евра годишно преку договорот со фирмата БС КЛИНИНГ ДООЕЛ„ наведува свиркачот, вработен во Пошта во писмото. Според тендерот за хигиена во сите 14 поштенски подржуници задолжително треба да има по 2 хигиеничари/ки а во Пошта 2 задолжително по 10 хигиеничари.
А каква е реалната состојба? Само во 4-5 подужници има по 2 и работата само неколку часа дневно. Во другите 10 подружници има само по 1. Во Пошта 2 само 6-7. Значи постојано недостасуваат околу 14 хигиеничари. Спроед тендерот треба да има во сите 14 подружници по 2 хигиеничари. И така, преку константен недостатокот на 14 хигиеничари како и скратеното работно време на останатите кој реално работат, доаѓаме до пресметката за тоа колку пари месечно е загубата, ако се земе предвид дека за сите хигеничари (и тие што не работат и тие што работат само неколку часа во денот) се плаќаат целосни износи, согласно спецификацијата и договорот склучен со АД Пошта.
„Месечен трошок за еден хигиеничар е над 40.000 денари“. Недостауваат 14 хигиеничри, значи тоа се над 560.000 денеари месечно. Постоечките 25-26 хигиениари работат само 50% од времето, тоа се нови 550.000 денари. Заедно со другите давачки уште 200.000 денари доаѓаме до речиси 25.000 евра месечно. Тоа се 300.000 евра годишно! Ете ја шемата, ете ја корупцијата. Како се прикрива ова?Според писмото на вработениот во Пошта, со потпишување на лажни дневници за целосно отсустните хигиеничари и со лажни извештати за реализирани генерални чистења, кој воопшто не се реализираат а вработените работат во прљавштина и супстандардни услови. Сите овие наводи ги објавуваме, заедно со целата содржина на писмото и бараме Јавното обвинителство да отвори истрага и да ги истражи по допрен глас. Во чии џепови завршуваат испумпаните пари? Кој ќе одговара? АКТ продолжува со откривање на сите криминални тендери. Институциите мора да постапат. Работата не е завршена, вели Димитријевиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Димитријевиќ: Свиркач открива шема за пумпање пари…
Граѓаните се вклучија во борбата против корупцијата…
СДСМ: За колку тендери ЗНАМ ја продава…
„Колаборантите од ЗНАМ го потврдија скандалот што…
СДСМ: Тендер од 1,2 милиони евра за…
Фирмата БС Клининг увоз-извоз ДООЕЛ Скопје, основана…
СДСМ: Нема да нè замолчите, обидите за…
ВМРО активираше организирана и координирана операција за…
СДСМ: Доставуваме барање до Централниот одбор на…
СДСМ денеска соопшти дека до надлежните органи…