(Видео) Директорка на основно училиште во Прилеп сече јавори оти ѝ сметале паднатите лисја: „Мене закон не ме интересира“
Директорката на ООУ „Кочо Рацин“ во Прилеп побара да се исечат две стари дрвја за децата да не се лизнеле од лисјата, открива Зелена народна стража.
Едниот од двата јавора е веќе исечен, а граѓаните не дозволуваат да се исече и вториот.
„Директорката овој чин го смета за нешто убаво и дава бесмислени аргументи за негово отстранување. Доколку сте загрижени за здравјето на децата, тогаш фокусот треба да ви е на раззеленување на училиштето наместо на правење пустина. Воздухот доаѓа од дрвјата, а не од бетонот. Акутните респираторни инфекции се меѓу најчестите заболувања кај децата во Македонија, додека пневмонијата е меѓу водечките причини за смрт кај децата под 5 години на глобално ниво“, велат од Зелена народна стража.
Оттаму додаваат дека секоја година имаме зголемување на веќе страшните бројки на смртноста на децата и населението од загадениот воздух
„А, вие се дрзнувате да сечете здрави дрвја со кои пораснале повеќе генерации. Прилепчани и народот низ цела Македонија станува свесен – будно ги следиме и кажуваме СТОП на сите обиди за уништување на природата на своја волја, без логични аргументи и без експертско мислење.“
На видеата се слуша директорката како вели: „Мене закон не ме интересира“.
Против намерата на директорката реагира и Левица преку своите советници во Општина Прилеп.
„Согласно член 2 од ПРАВИЛНИКОТ ЗА ВИСИНАТА НА ЦЕНАТА ЗА ШТЕТИ ВО ШУМА, донесен од МЗШВ, за противправно исечено стебло висината на цената на штетата за бесправно пресечен јавор изнесува 40.000,00 денари по м3 а вештото лице утврди дека овој јавор имал дрвна маса од 30 м3, што значи дека со сечење на овој јавор е предизвикана вкупна штета од 1.200.000,00 денари“, вцели советникот Жарко Стеваноски.
„Со еден потег, директорката на ООУ Кочо Рацин Прилеп ги пушти по вода сите изговори на кои се држеа градоначалникот, Комисијата за сечење дрва и комуналните инспектори. На потег е јавното обвинителство“, реагира Левица на изговорите на директорката за лисјата што паѓале од јаворот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Со огромен трактор влезе во огнот:…
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување…
(Видео) Директорка на основно училиште во Прилеп…
Директорката на ООУ „Кочо Рацин“ во Прилеп…
Роботакси доаѓа во Европа: Американскиот Uber и…
Американската компанија Uber и кинескиот Pony.ai денес…
Влен: Артан Груби е „црната кутија“ и…
Обвнинението за Артан Груби ги зовре страстите…
Делови од мотор го скршиле стаклото на…
Делови од авионски мотор што најверојатно се…