Директорот вели дека ја чистел „Пошта“ – дел од вработените избркал, а дел натерал да доаѓаат на работа
Директорот на „Македонска пошта“ Орхан Куртеши изјави дека го решиле проблемот со фиктивните вработувања, така што избркале дел од тие што не доаѓале на работа, а земале плата.
Тој појасни дека кога дошол на функцијата го увидел овој проблем и го решил така што избркал дел од вработените кои не доаѓале, а дел почнале да доаѓаат сами на работа.
– Кога дојдовме на функцијата, ја скениравме ситуацијата и имаше такви луѓе. Од преземените мерки некои почнаа да доаѓаат на работа, а некои ги избркавме, така што во Пошта полека го чистиме тој дел. Нема да биде практика на оваа Влада луѓе што не доаѓаат на работа да земаат плата – рече Куртеши на презентацијата на новите возила кои „Пошта“ ги доби за поголема ефикасност и навремена достава на пратките.
„Македонска пошта“ доби 100 нови возила како дел од мерките за модернизација и подобрување на услугите, со цел да се зголеми ефикасноста на доставата и да се зајакне капацитетот на државната компанија. Со новите возила сега ќе може да се очекува навремена достава на пратките.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Директорот вели дека ја чистел „Пошта“ –…
Директорот на „Македонска пошта“ Орхан Куртеши изјави…
Гори депонија во близина на Арачиново
Преку Едиствениот број за итни повици Е-112…
ПОЛСКА ГИ БАРА ФУНКЦИОНЕРИТЕ ПРЕБЕГНАТИ ВО УНГАРИЈА:…
По победата на Петер Маѓар на изборите…
Иранците копаат под земја – светот во…
Додека светот се надева на мир, сателитските…
Повторно гори Вардариште
По седуммесечно затишје кое следеше по бурните…