Доаѓа вистинска зима: Дождот ќе премине во снег на повеќе места

t

Под влијание на циклонска активност, во наредните денови во земјава следува период на променливо и нестабилно време, со повремени врнежи од дожд, а на планините и од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен ветер, врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките, но и во дел од пониските места, при што се очекува формирање нова снежна покривка, особено во западните планински предели.

Денешното време е претежно облачно и магловито, со врнежи од дожд кои на одделни места се пообилни, особено во попладневните часови и во текот на ноќта. На планините врнежите се од снег, а дува засилен ветер од јужен правец. Максималните дневни температури се движат од 10 до 16 степени.

Во Скопје времето е променливо облачно со повремен дожд, поизразен кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец, а температурата е околу 9 степени, со висока влажност на воздухот.

За утрешниот ден се прогнозираат пониски утрински температури, кои на повеќе места ќе се движат околу нулата или под неа, додека дневните ќе останат умерени. Во поголемите градови максималните температури ќе се искачуваат од 3 до 8 степени, додека на планините ќе бидат околу нулата.

Во петок се очекува краткотрајно стабилизирање на времето, но за време на викендот, особено во сабота, повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои на одделни места може да бидат пообилни. Температурите ќе бидат во постепено опаѓање, што ќе создаде зимски услови, особено во повисоките предели и на планинските превои.

Надлежните служби апелираат на зголемена внимателност во сообраќајот и навремено прилагодување на движењето на зимските услови. објави Скопје1.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Доаѓа вистинска зима: Дождот ќе премине во…

Под влијание на циклонска активност, во наредните…

Трамп со шокантен план: САД ќе продаваат…

Американскиот претседател Доналд Трамп претстави шокантен план…

Данската војска е во состојба на готовност:…

Данското воено раководство потврди дека вооружените сили…

Грчката Влада ги соопшти мерките за поддршка…

Намалување на цената на струјата на 8,5…

Најавени поголеми казни за супермаркетите во 2026-та…

Инфлацијата во 2026-та година ќе се движи…