Дознал дека има долг од над 5 милиони денари, а никогаш не подигнал кредит – Гостиварец кој работи во Швајцарија пријавил злоупотреба на личните податоци
46-годишен гостиварец, кој работи во Швајцарија, пријавил во полиција дека неговите лични податоци биле злоупотребени, откако дознал дека против него се води извршна постапка за долг од над 5 милиони денари, иако никогаш не подигнал кредит.
Од Секторот за внатрешни работи Тетово информираат дека случајот бил пријавен вчера во 12:30 часот во ОВР Гостивар. Според пријавата, тој при разговор со извршител бил известен дека се води постапка против него како сопственик на фирма, поради долг од 5.085.079 денари кон банка во стечај. Дополнително, биле побарани заложени товарно возило „ман“ и работна машина багер.
Пријавителот појаснил дека никогаш не поседувал фирма ниту механизација и се сомнева дека неговите лични податоци биле искористени со фалсификувана документација при подигнување на кредит.
Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дознал дека има долг од над 5…
46-годишен гостиварец, кој работи во Швајцарија, пријавил…
Се огласи и градоначалникот на Скопје по…
СДС, ташната не е реалност, ама златните…
Орбан: Украинците го дигнаа во воздух „Северен…
Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Украинците…
Oд 300 до 3.770 евра за квадрат:…
Пазарот на недвижности во втората половина од…
Нов закон за помилување е неопходен, сегашниот…
Помилувањето не смее да се темели исклучиво…