Докторот кој констатирал природна смрт кај 35-годишната жртва на серискиот убиец од Куманово повикан на исказ
Обвинителството го повика на распит лекарот кој првично констатирал природна смрт кај Марија Маринковска (35), една од жртвите на осомничениот сериски убиец од Куманово.
Според информациите до кои дојде Телма, овој лекар бил ангажиран како замена за друг доктор во моментот кога било пронајдено телото на жртвата.
Со ова се отвораат сериозни прашања за постапувањето на надлежните служби на терен.
Имено, иако лекарскиот тим потпишал дека нема траги на насилство, сведоци за Телма тврдат дека една од докторките во тимот изразила сомнеж за насилна смрт.
Според сведоштвата, полицијата извршила притисок врз родителите и роднините да потпишат изјава дека нема да бараат обдукција.
Дури по барање на Обвинителството беше извршена ексхумација на телото, по што обдукционите наоди потврдија дека се работи за убиство, а не за природна смрт.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Докторот кој констатирал природна смрт кај 35-годишната…
Обвинителството го повика на распит лекарот кој…
Филипче излезе со мерки: Намалување на ДДВ…
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче денеска на…
Трошоците за живот за еден месец се…
Државниот завод за статистика објави и дека…
Битиќи: Нов ценовен удар од полноќ, поскапувањето…
Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, предупреди дека…
ССМ повикува на масовен протест: Борба за…
Околу 154, 408 работници во Македонија примаат…