Доналд Трамп жестоко ја нападна Европа!
Претседателот на САД, Доналд Трамп, упати остри пораки до европските земји погодени од недостиг на гориво поради блокадата на Ормускиот теснец, сугерирајќи дека можат или да купуваат нафта од САД – или сами да си ја обезбедат.
„Сите тие земји што немаат гориво поради Ормус, како Обединетото Кралство, имам предлог: купувајте од САД – имаме доволно, или соберете храброст и одете до теснецот и земете си сами“, напиша Трамп на социјалната мрежа Truth Social.
Тој додаде дека „Иран е десеткуван“ и дека најтешкиот дел од конфликтот е веќе завршен, потенцирајќи дека САД повеќе нема да ја имаат истата улога во заштитата на сојузниците.
„Ќе мора да научите да се борите сами. САД нема повеќе да бидат тука како порано“, порача Трамп.
Франција особено на удар
Во нова објава, Трамп ја критикуваше и Франција, обвинувајќи ја дека не дозволила прелет на авиони со воена опрема кон Израел.
„Франција многу одмагаше кога станува збор за ‘иранскиот касапин’, кој успешно беше елиминиран. САД ќе го запомнат тоа“, наведе тој.
Овие изјави дополнително ја зголемуваат тензијата меѓу Вашингтон и европските сојузници во контекст на кризата на Блискиот Исток и глобалното снабдување со нафта.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Доналд Трамп жестоко ја нападна Европа!
Претседателот на САД, Доналд Трамп, упати остри…
Ако гледаме низ призма на скринингот и…
Ако гледаме низ призма на скрининг и…
МПЦ-ОА се оградува од „Христијанско братство“: Убиството…
Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА)…
УЈП: Нема нови даночни обврски за студентите,…
Во врска со објавените написи во дел…
Клучни лекции од историјата: Дали Иран е…
Војната што Соединетите Американски Држави и Израел…