Објавено на:

Досега 600 починати од ебола во Конго

t

Бројот починати во актуелната епидемија на ебола во Демократска Република Конго достигна 600, а сомнителни случаи се пријавени и во уште една провинција, соопштија денеска националните здравствени власти.

Според најновиот извештај на Владата на Конго, епидемијата прогласена на 15 мај досега е потврдена кај 1.759 заразени лица во источните провинции Итури, Северен Киву и Јужен Киву.

Во официјалниот број случаи засега не се вклучени два нови случаи од Кисангани, главниот град на провинцијата Чопо и еден од најголемите градови во земјата.

За еден од случаите е утврдено дека е поврзан со здравствената зона Њани во провинцијата Итури, каде што беа регистрирани првите случаи на актуелната епидемија. Вториот случај засега нема јасна географска поврзаност со претходно зафатените подрачја.

Позитивните резултати од тестирањата во Кисангани се уште се подложени на дополнителни потврди, по што би требало да бидат вклучени во официјалните податоци за бројот заболени.

Здравствените служби ги засилија мерките за надзор, следење на контактите и контрола на ширењето на болеста во Кисангани.

Според последниот извештај, во изминатите 24 часа се регистрирани 51 нов случај на ебола и 20 нови смртни случаи.

Светската здравствена организација предупреди дека епидемијата се уште не е ставена под контрола и оти вирусот продолжува да се шири, меѓу другото и поради движењето на населението, што го зголемува ризикот од пренос.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Досега 600 починати од ебола во Конго

Бројот починати во актуелната епидемија на ебола…

СЗО се сомнева дека има повеќе од…

Светската здравствена организација (СЗО) во неделата објави…

„Загрижен сум за обемот и брзината на…

Шефот на Светската здравствена организација (СЗО) призна…

СЗО ја прогласи епидемијата на ебола во…

Светската здравствена организација (СЗО) прогласи епидемија на…

Конго прогласи нова епидемија на ебола: За…

Во Демократска Република Конго се регистрирани 246…