Дрога, тепачки и сообраќајни прекршоци – Билтен на СВР Тетово

t

На 10.04.2026 во 01:10 часот во СВР Тетово, Х.А.(48) од с.Церово пријавила дека на 09.04.2026 околу 23:30 часот на ул.„Илинденска“ во Тетово, нејзиниот малолетен син и негов другар биле физички нападнати од три лица, при што неговиот другар во обид да се одбрани се здобил со повреда на рака. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
……
На 10.04.2026 во 09:45 часот на ул.„Јане Сандански“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода М.Р.(38) од с.Челопек бидејќи управувал патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки без возачка дозвола, со што сторил кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик. Возилото е одземено, додека М.Р. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
…..
На 10.04.2026 во 13:30 часот во Полициското одделение Групчин, Б.М.(58) од с. Желино, тетовско, пријавил дека во селото, по кратка расправија со Б.С., настанала физичка пресметка помеѓу нив, по што се упатиле во Клиничката болница Тетово за укажување лекарска помош. Двајцата се лишени од слобода и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
……
На 10.04.2026 во 14:00 часот на ул.„Ѓорче Петров“ во Тетово, полициски службеници лишиле од слобода 16-годишен малолетник од Тетово, кој управувал мотоцикл без стекнато право за управување моторно возило. Во присуство на родител и бранител, со малолетникот бил извршен службен разговор во просториите на СВР Тетово. Мотоциклот е одземен и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
…..
На 10.04.2026 во 18:00 часот во Полициската станица Гостивар, А.М.(48) од Гостивар пријавил дека околу 17:40 часот во просториите на такси компанија во Гостивар бил физички нападнат од неговиот колега С.Ј.(61). Подоцна, во 19:20 часот, С.Ј. е лишен од слобода и задржан во полициска станица, а по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
…..
На 10.04.2026 во 20:30 часот на регионалниот пат Тетово-Јажинце, кај с.Лешок, полициски службеници сопреле патничко возило „ауди“ со скопски ознаки, управувано од 15-годишник од с.Палатица. При преглед на возилото се пронајдени остатоци од марихуана, по што малолетникот и сопатниците А.Ј.(20), А.А.(20) и А.А.(20), сите од с.Слатино се лишени од слобода. Кај А.А. е пронајден и одземен метален „боксирач“. Возилото е привремено одземено за понатамошна постапка.
…….
Претреси во Гостивар и гостиварско, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица

На 10.04.2026, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода М.С.(38) во Гостивар. При претрес во неговиот дом и угостителски објект, извршен со судска наредба, пронајдени се и одземени повеќе пакувања со марихуана и бела прашкаста материја. додека во угостителскиот објект е пронајдена марихуана.
На 11.04.2026 во 02:00 часот, полициски службеници од Полициското одделение Чегране го лишија од слобода У.И.(57) од с.Форино, гостиварско. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдени се и одземени бела прашкаста материја и бела грутчеста материја.
Двајцата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
…..
На 10.04.2026 во 22:00 часот на ул.„Вон Вардарска“ во Тетово, полициски службеници го лишија од слобода М.Р.(38) од с.Рогле. Тој се сомничи дека околу 19:00 часот на паркинг во Тетово со патничко возило „фолксваген голф“ намерно го удрил малолетниот син на Т.Ј.(52) од с.Добарце. Тој е задржан во полициска станица и по документирање наслучајот ќе следува соодветен поднесок.
…..
На 10.04.2026 во 22:00 часот на локалниот пат кон с.Камењане, полициски службеници од Полициското одделение Камењане запреле патничко моторно возило „голф“ со тетовски регистарски таблички, управувано од А.Д.(19) од с.Озормиште, кој не поседувал возачка дозвола. При преглед во багажникот на возилото е пронајдено повредено куче од расата „пит бул“, за кое лицата во возилото изјавиле дека е повредено при борба со кучиња во с.Камењане. Заедно со возачот, лишени се и двајца 17- годишни сопатници од с.Желино. Известен е ветеринарен инспектор и се преземаат мерки за соодветно лекување на животното и документирање на случајот, додека тие заедно со возилото се задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Претреси во Гостивар, уапсени две лица за…

Претреси во Гостивар и гостиварско. Полицијата пронајдене…

Претрес во Делчево, пронајдена дрога

Претрес во Делчево, пронајдена дрога и огревно…

Тепачка меѓу девојки во Карпош: 18-годишна девојка…

Во Скопје синоќа околу 22:40 часот, полициски…

Работник e пронајден починат во објект на…

Во текот на вчерашниот ден, во СВР…