Дронот што ја погодил зградата во Галати бил руски „Геран-2“
Дронот што се урна во четврток вечерта во Галати е Геран-2 од руско потекло. Тоа е недвосмислениот заклучок на техничкиот извештај финализиран од романските државни експерти“, наведе Дан во порака на X, заедно со четири слики на кои наводно се гледа леталото.
При падот на дронот повредени и хоспитализирани беа 14-годишно момче и 53-годишна жена.
Руската амбасада во Букурешт го обвини Киев дека планира провокации, а претседателот Владимир Путин во петокот изјави дека „никој“ не може дефинитивно да го утврди потеклото на дронот додека не се спроведе темелна анализа.
Во својата денеска порака шефот на романската држава тврдеше дека е спроведена сеопфатна техничка анализа што ја покажува „единствената одговорност“ на Москва.
–На пронајдените фрагменти е идентификуван кириличниот натпис „ГЕРАН-2“. Анализата на електронските компоненти, навигациските системи, контролните модули, моторите и структурните елементи открива сличности, дури и идентични карактеристики, со оние на другите беспилотни летала Геран-2 претходно пронајдени на романска територија, продолжи тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дронот што ја погодил зградата во Галати…
Дронот што се урна во четврток вечерта…
УКИМ продолжува да тоне: Го нема ни…
На штотуку публикуваната листа Глобал 2000 објавена…
Багеи: ЕУ е лицемерна кога го обвинува…
Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи,…
Кумановец малтретирал сограѓанин – го принудувал орално…
На 31.05.2026 во 21:15 часот во Куманово,…
Пазарот на нафта веќе не е способен…
Додека светот со исчекување чека на можен…