ДУИ бара во истрагата за Кочани да се вклучи и Европската комисија

t

Опозициската Демократска унија за интеграција (ДУИ) бара Европската комисија (ЕК) одблизу да ја следи истрагата за трагедијата во Кочани со оглед на тоа што, како што оценуваат, власта ги обвинува сите околу себе за да ги заштити оние кои биле одговорни да ја спречат оваа трагедија.

ДУИ ја повика Европската комисија да испрати правни експерти за директно да се вклучи во овој случај со засилен мониторинг, а потоа со својата експертиза и сознанија да помогне на собраниската комисија која треба да се воспостави под меѓународен надзор.

„Оваа сериозна состојба бара активирање на сите механизми за да се спречи целосното пропаѓање на правната логика, што ќе има непоправливи последици врз политичкиот развој на општеството и неговата усогласеност со принципите и вредностите на ЕУ. Демократијата, владеењето на правото и почитувањето на основните човекови права се основните правила и принципи на ЕУ, и тие мора да бидат заштитени и во Северна Македонија“, велат од опозициската партија.

Оттаму оценуваат оти трагедијата во Кочани е најгротескен пример на селективна правда што некогаш се случил во државата бидејќи, како што велат од ДУИ, се претворил во карикатура на правна истрага, во која сите се виновни освен ако се од ВМРО-ДПМНЕ.

„Во група на верижни виновници веригата чудно не го опфаќа и министерот за внатрешни работи, кој 13 месеци пред трагедијата бил запознаен со постоењето на нелегален ноќен клуб што ги прекршувал сите можни безбедносни стандарди, како и Државниот инспекторат и Управата за јавни приходи, кои не презеле никакви мерки. Напротив, токму одговорниот министер го гледаме како секојдневно ни ги преставува сите други виновници кои треба да го ослободат дури и од моралната политичка одговорност“, додаваат од партијата.

Основните приниципи на ЕУ како демократијата, владеењето на правото и почитувањето на основните човекови права, додаваат од ДУИ, мора да бидат заштитени и во С Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДУИ бара во истрагата за Кочани да…

Опозициската Демократска унија за интеграција (ДУИ) бара…

Ганиу: Од девет училишта во Чаир, седум…

Првиот човек на општина Чаир, Висар Ганиу…

САД ги паузираат придонесите за Светската трговска…

Соединетите Американски Држави ги ставија на „пауза“…

Билд: Руски извидувачки авион се приближи до…

Руски извидувачки авион денеска се приближи до…

Додик призна дека во Израел бил прогласен…

Лидерот на босанските Срби Милорад Додик вчеравечер…